17 Декември, 2017
0.3604
    ALK 7304.71    0%     CEVI 1144    0%     GRNT 762.38    0.86%     KJUBI 1400    0%     KMB 2700    0.01%     OHB 4767.86    -0.67%     RMDEN15 95.1    0.11%     RZUS 107.89    1.78%     STB 910    -1.09%     STIL 127    -2.31%     TNB 13100    0%     TPLF 1500    -1.69%     UNI 1870    -1.03%     ZILU 151    -2.58%

Против кој екс висок функционер ОЈО покрена истрага за перење пари во Србија?

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2017

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по допрен глас поведе предистражна постапка заради постоење на индиции за сторено кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик.

Предистражната постапка, како што соопштуваат е резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со изјавата на поранешниот српски министер за надворешни работи и претседател на Народната партија во Република Србија, Вук Јеремиќ. Изјавата се однесува на наводно перење пари во Република Србија од страна на високи македонски функционери и нивната поврзаност со физички и правни лица од Србија и Чешка.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презема сите потребни дејствија и координација со  институциите надлежни за откривање на овој вид на кривични дела.

Имено, неодамна екс началникот на УБК Сашо Мијалков беше обвинет од страна на поранешниот министер за надворешни работи на Србија дека, Мијалков и тогашниот режим на Никола Груевски „влечеле“ пари од Македонија, па преку Рајски острови, Холандија и Чешка пласирале и „переле“ пари, кои според Јеремиќ се стекнати на корумпиран начин. Јеремиќ тврди дека за овој случај постои и меѓунардона истрага.

По ова од партијата на Груевски, се огласија и ги негираа обвинувањата.

Можеби ќе ве интересира

Да се стави крај на масовно убивање на кучиња, побараа разни здруженија

Да се стави крај на масовно убивање на кучиња, побараа разни здруженија

Со каква казна ќе се соочи полицаецот кој го сликна Чавков во Шутка?

Со каква казна ќе се соочи полицаецот кој го сликна Чавков во Шутка?

Зошто СЈО се премисли: Седиштето на ВМРО ДПМНЕ нема да се замрзне?

Зошто СЈО се премисли: Седиштето на ВМРО ДПМНЕ нема да се замрзне?

Веќе познато кој ќе седне во министерската фотелја за здравство?

Веќе познато кој ќе седне во министерската фотелја за здравство?

Централен штаб на Внатрепартиска иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ

Централен штаб на Внатрепартиска иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) ВЕЧЕРВА ФАКТОР МАГАЗИН: До кога здравството ќе биде клинички случај?

(ВИДЕО) ВЕЧЕРВА ФАКТОР МАГАЗИН: До кога здравството ќе биде клинички случај?

2018 КЛУЧНА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО ЕУ: Лидерите од Балканот утре на неформална вечера во Брисел

2018 КЛУЧНА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО ЕУ: Лидерите од Балканот утре на неформална вечера во Брисел

ДОКТОРСКИ СОВЕТИ: Помагаат ли маските во заштита од загадениот воздух?

ДОКТОРСКИ СОВЕТИ: Помагаат ли маските во заштита од загадениот воздух?

По десетти пат марш на црвените чадори! Сексуалните работници мета на насилство и дискриминација

По десетти пат марш на црвените чадори! Сексуалните работници мета на насилство и дискриминација