25 Април, 2024
0.0276

Прото тема: Грците трошат милиони евра во казината во Гевгелија

Објавено во: Економија 27 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Со познати имиња од грчката естрада, бесплатна храна и пијалоци, македонските казина го цедат она што е останато од колабираната економија во северна Грција, најмногу од Солун, пишува грчкиот портал „Прото Тема“, во уште една репортажа за Грците, кои се редовни посетители на македонските казина кај Гевгелија.

Потсетувајќи дека Македонија и Грција имаат постојано несогласувања околу национални прашања, „Прото Тема“ пишува дека со атмосферата што може да се забележи за време на викенди на грчко-македонската граница, се докажува дека никој не обрнува внимание на тоа.

„Скопјаните ни извезуваат туристи, ние им извезуваме играчи за нивните слотови и маси за Блекџек“, коментира порталот.

Според „Прото тема“ македонските казина, најмногу трите во близина на границата со Грција, годишно имаат 550 илјади посети од грчки граѓани кои трошат 60 милиони евра.

Во овие казина, наводно работеле и многу Грци кои не биле осигурани и кои се „невидливи“ за грчките даночни власти. Порталот наведува дека претставници на грчката Комисија за контрола и супервизија на игри на среќа никогаш не ја посетила Гевгелија, и покрај постојаните информации дека таму се одлеваат многу пари на грчките граѓани, но и се враќаат големи добивки, кои не се оданочуваат. За оваа појава не бил заинтересиран ниту одделот за финансиски криминал, ниту грчката полиција.

Како втор „феномен“ за она што се случува на грчко-македонската граница, порталот го наведува и купувањето во фри-шопот на грчка територија, за кој коментира дека во сабота навечер е полн како супермаркет во викенд.

„Корпите се полни со неоданочени виски и цигари, а само неколку метри после границата, бензините се поевтини за околу 30 проценти“, се информира во текстот.

Претседателот на Трговската и индустриска комора на северна Грција Димитрис Бакацелос за „Прото тема“ изјавил дека Комората постојано ја истакнувала потребата од зајакнување на контролата на границата за да се спречи шверцот, но во исто време ги подвлекол и придобивките од туризмот во областа. Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис, пак, одбил да даде изјава на оваа тема.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?