Провопулос:Грција постигна голем напредок, но најтешкото е пред нас!
Објавено во: Балкан 04 Март, 2013
Грција спроведе 70 отсто% од фискалната консолидација, но последните 30% во маратонот, оваа последна делница е најтешка и најисцрпувачка, изјави гувернерот на грчката Централна банка, Јоргос Провопулос, кој денеска го информираше претседателот Каролос Папуљас со финансиската состојба на земјата.
„Мислам дека постигнавме голем напредок во три критични области: првата е буџетското заздравување, втората е поврзана со загубената конкурентна способност и третата се однесува на напредокот во банкарскиот сектор“, изјави Провопулос.
Гувернерот истакна и дека влоговите во грчките банки почнале да се враќаат, а само во февруари во банките повторно се внесени околу две милијарди евра. Провопулос изрази оптимизам дека во скоро време во земјата ќе се појави една поразлична банкарска реалност и дека три големи банки и неколку помали ќе ја опслужуваат земјата и ќе бидат силно присутни на пазарот.