23 Април, 2024
0.0325

Пругата Куманово – Бељаковце се уште чека рехабилитација…

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Иако, според најавите,во првиот квартал од годинава требаше да почнат градежните работи за реконструкција на пругата од Куманово до Бељаковце, на терен се уште не е почната реализацијата на првата фаза од железничкиот Коридор 8. Во МЖ Инфраструктура велат дека доцнењето било предвидено во договорот, оти се работело за крупен проект Се уште не се соопштува ниту името на градежната компанија што треба да ја изведува рехабилитацијата. Во МЖ Инфраструктура велат дека ќе се бира меѓу девет европски компании, а се очекува градежната оператива да ги започне планираните работи во септември. „Два месеци доцниме со изборот на фирма, но сепак станува збор за крупен проект и доцнењето е предвидено.Имаше повеќе пријавено компании, од кои само девет влегоа во потесен круг и тоа се компании кои веќе работеле на многу вакви крупни проекти. Дел од нив настапија во конзорциум со домашни градежни фирми, но се уште се прави евалуација и објавата на избраната компанија ќе биде во септември кога и се очекува почеток на градежните работи“, вели Ирфан Асани, директор на МЖ Инфраструктура. Рехабилитацијата на пругата во должина од 30,8 километри, според планот,  треба да заврши најдоцна до 2017 година. Парите се веќе обезбедени од Европската банка за обнова и развој, која лани и додели заем на државата од 46,4 милиони евра. Рехабилитацијата на пругата всушност ќе значи замена на шините и праговите како и санација на мостовите. На железничката траса од Куманово до Бељаковце се предвидени вкупно девет станици и стојалишта, а Куманово ќе добие уште една железничка станица, која ќе биде поблиску до центарот на градот. Оваа пруга е дел од источната делница на Коридорот 8, односно првата секција од планираното железничко поврзување на Македонија со Бугарија. Ставењето во функција на железничкиот коридор 8 е од стратешки интерес за државава, а кога ќе биде завршен, ќе се протега од јадранскиот брег во Албанија преку Македонија до регионот на Црно Море во Бугарија, со што ќе се овозможи пристап и пократка рута до пристаништата. Изградбата на делницата од Бељаковце до Крива Паланка ќе чини околу 145 милиони евра, а од Крива Паланка до Деве Баир дури 332 милиони евра. Овие пари уште не се обезбедени. ЕБОР обезбеди и грант од 2,5 милиони евра за да заврши проектната документација и да може да се аплицира и за втората фаза од проектот, кој опфаќа изградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка. Според анализата на сегашната состојба во сообраќајот и во транспортот, неопходни се вложувањата во железничката инфраструктура, посебно во Коридорот 8, кој низ Македонија треба да има должина од 317 километри и да ги поврзе Драч–Тирана–Скопје–Софија–Бургас и Варна. Изградбата на делницата од Бељаковце до Крива Паланка ќе започне најдоцна во 2015 година, а ќе заврши во 2020 година. Се проценува дека ќе чини околу 145 милиони евра, од кои 2,5 милиони евра веќе се обезбедени како грант од ЕБОР со намена за изработка на проектна документација, која треба да биде готова до крајот на годинава. За делот од Крива Паланка до Деве Баир, кој е најтежок и најскап, Министерството за транспорт поднесе барање до ИПА за обезбедување два милиони евра за изработка на основните проекти. Се проценува дека оваа делница ќе чини 332 милиони евра, кои треба да се обезбедат од ИПА, ЕБОР и од Европската инвестициска банка. Македонија има изградено само 154 километри од железничката пруга од Коридорот 8, што е половина од нејзината вкупна должина. С.Н

Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...