20 Април, 2024
0.0301

ПРУГИТЕ ДОЦНАТ: И Железницата како автопатите!

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Железницата е заглавена во кредити што неможе да ги враќа. Државата не одвојувала доволно пари за одржување на инфраструктурата. Реализацијата на проектите доцни, поради што се плаќале провизии за парите што не се повлекувале од одобрените кредити, а на тој начин поскапуваат и проектите. Ова се само дел од забелешките на Државниот завод за ревизија за секторот железничка инфраструктура.

МЖ Инфраструктура неможе да ги враќа кредитите

Јавното претпријатие МЖ Инфраструктура е заглавено во кредити што неможе да ги враќа. Претпријатието тоне во долгови со години наназад, а за тоа е аламирано и Министерството за финансии. Пред две години, јавното претпријатие зема два кредити. Станува збор за вкупен износ од близу 200 илјади евра за Коридорот 8. Едниот кредит е за делницата Куманово – Бељаковце во износ од 46,4 милиони евра, а другиот за Бељаковце – Крива Паланка и изнесува 145 милиони евра.

Но, јавното претпријатие подоцна го известило Министерството за финансии дека нема можност да ги враќа кредитите.  

„МЖ Инфраструктура навремено го известува Министерството за финансии дека за заемот за Куманово – Бељаковце, има недостиг на финансиски средства и нема можност редовно да ги сервисира обврските спрема доверителите и обврските по основ на доспеани рати за кредитот“, пишуваат ревизорите.

Јавното претпријатие укажало дека ќе се соочи со недостиг на средства за сервисирање на обврските по основ на отплата на главница и камата од заем кон ЕБОР за рехабилитација на пругата Куманово – Бељаковце и за сервисирање на отплата на заемот од Светска банка за реформи во железницата.

Министерството за финансии го платило долгот на МЖ Инфраструктура и до УЈП доставило налог за спроведување постапка за блокирање на средствата на МЖ Инфраструктура по основ на враќање на ДДВ со цел намирување на долг по извршеното плаќање.

„Оттука, произлегува дека заради ненавремено плаќање на обврската на МЖ Инфраструктура кон Министерството за финансии, истото пресметува затезна камата што има за ефект зголемување на обврските на јавното претпријатие“, велат ревизорите. 

Но, освен тоа, сега се проблематизра и отплатата на кредитот за делницата од Бељаковце до Крива Паланка. Договорот за заем за пругата од Бељаковце до Крива Паланка, треба да почне да се отплаќа во октомври 2018 година. Отплатата ќе трае до 2029 година.

„Според надлежните лице од претпријатието со досегашниот начин на финансирање на МЖ Инфраструкура не постои можност за сервисрање на обврските кои ќе доспеат по договор за заем“, наведуваат ревизорите.

Покрај овие долгови,  препријатието има и вкупни обврски од 4,6 милиони евра по основ на кредит од Светска банка.  

МЖ Инфраструктуа има проблем со сопственото финансирање. Претпријатието се финансира со парите што другата железничка компанија МЖ Транспорт и ги плаќа за користење на пругите. Но, и МЖ Транспорт е во незавидна финсиска позиција, па редовно не ги подмирува сметките кон МЖ Инфраструктура. Вториот извор на финансирање на МЖ Инфраструктура е од државата, која соред законот ттреба да префрла 0,3 отсто од планираните даноччни приходи во буџетот за тековната година. Но, претпријатиео не ја добива во целост ниту оваа сума – поради што приходите се во лоша кондица, далеку под потребните, а дополнотелно задолженоста на претпријатието е огромна.  

Државата одвоила 4 милиони евра помалку за одржување на пругите

За само три години, државата префрлила близу четири милиони евра помалку за одржување на железничката инфраструктура. Ревизорите констатираат дека изминатите години државата не одвојувала доволно пари за одржување на инфраструктурата. Согласно законот, државата треба да одвојува 0,3 отсто од планираните даночни приходи во Буџетот за тековната година. Но,  податоците покажуваат дека секоја година се префрлале помалку пари од законски утврдениот минимум. Тоа се смета и за една од причините за незавидната финансиска состојба во која се наоѓа ЈП МЖ Инфраструктура, но и влијае на безбедноста во железничкиот сообраќај

„Со оглед на тоа што ЈП МЖ инфраструктура на годишно ниво добива помалку средства од предвиденото законско право, истото влијае на намалување на можностите за вложување во постојната железничка инфраструктура како добро од општ интерес на државата, а со тоа постигнување и на крајната цел создавање на услови за сигурен и безбеден железнички сообраќај“, констатираат ревизорите.

Зголемен одлив на средства од буџетот поради пролонгирани рокови на изведба

Дел од започнатаите железнички проекти се реализираат со кредит од ЕБОР. Но, поради слабата реализација на проектите, парите од кредитот стојат неповечени, а државата за тоа плаќа пенали. Па така, за периодот од 2011 година па до лани, државата морала да плати 1,1 милиони евра провизија за неповлечени средтсва од заемот од ЕБОР. Тоа е 1,78%  од кредитот во износ од 64 милиони евра.  

„Најголем дел од исплатената провизија за неповлечени средства се однесува за Коридор 8, за проектот рехабилитација на делницата Куманово - Бељаковце,  во износ од 827 илјади евра, додека за подобрување на железничката пруга на Коридор 10 платени се провизии од 308 илјади евра“, пишуваат ревизорите.

Со оглед дека пролонгирање на роковите се прави секоја година како и поради бавната динамика на реализација на проектите сето тоа упатува на заклучок дека до конечната реализација дрржавата ќе исплаќа провизија за неповлечени средства од заемот, што има ефект зголемен одлив на пари од буџетот на име на провизии за неповлечени средства по однос на заемот од ЕБОР.  

„Секоја година се врши пролонгирање на роковите за расположливост на средствата согласно условите предвидени од договорот за заем со ЕБОР, при што банката наплаќа провизија за неповлечен дел од средствата од заемот со стапка од 0,5 % годишно, а маргината е 1 % годишно“, појаснуваат ревизорите.

Проектите доцнат со месеци, а дел се веќе и заглавени или целосно стопирани

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?