24 Април, 2024
0.0287

Прв брифинг со новинари и уредници: Преку редовна и непосредна комуникација со граѓаните и медиумите до отворена и транспарентна Влада

Објавено во: Македонија 18 Август, 2017

Добивај вести на Viber

На првиот брифинг со новинари и уредници, портпаролот на владата Миле Бошњаковски и советникот на премиерот за односи со јавноста, Марјан Забрчанец, пред новинарите ги презентираа структурата, делокругот и начинот на работа на Секторот за комуникации.

Оваа организациона единица презема серија активности и проекти со цел да биде сервис за навремено информирање на граѓаните и медиумите, да обезбедува транспарентност преку директна комуникација со јавноста, да дава аналитичка и комуникациска поддршка на процесите поврзани со итните реформски приоритети, да изработува анализи поврзани со европските интеграции и меѓународните односи, да учествува во организација и следење на домашните и меѓународните настани во кои е вклучена владата и да комуницира со граѓаните преку традиционалните и преку новите дигитални медиуми.

На денешниот брифинг,  беа презентирани и најавени промените на веб страната на Влада [www.vlada.mk] и редовниот брифинг со новинарите кој ќе се одржува еден ден по седниците на владата.

Ова беше зацртано и со планот 3-6-9, каде што транспарентноста на работата на Владата на Република Македонија е еден од приоритетите. На официјалната веб страница на Влада на Република Македонија можете да ги преземете ретроактивно објавените дневни седници и записници од претходните седници.

Линк до владините седници: http://vlada.mk/vladini-sednici.


Во продолжение Ви испраќаме и Водич за следење на телеграм канал на портпаролот на Владата на РМ за комуникација со новинари и претставници на медиумите:

1. Преземете ја апликацијата Телеграм на вашиот мобилен телефон од Google play, App Store или WP.

Преземете ја апликацијата Телеграм на вашиот компјутер / лаптоп / таблет од слединов линк: https://telegram.org

2. Откако ќе ја активирате апликацијата Телеграм, пристапете на каналот на портпаролот на Владата на РМ преку следниов ЛИНК.

Ви благодариме уште еднаш за вашето учество на денешниот брифинг со уредници и новинари кој се одржа во Владата на Република Македонија.

Во прилог на овој емајл ви ја доставуваме листата со контакти од лицата задолжени за односи со јавнот од сите министерства.

Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат