28 Март, 2024
0.0300

Прва 3G фото изложба во Македонија

Објавено во: Стил 07 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Во организација на Вип и Фото Сојузот на Македонија, синоќа се одржа првата двочасовна изложба на професионални фотографии направени и овозможени со напредна мобилна технологија.

Стручното жири од Фото сојузот на Македонија имаше навистина тешка задача да направи селекција и да ги избере 20 најубави автентични фотографии на тема „Мојот град“ кои им беа претставени на присутните пред Вип салонот во „City Mall“, но и online на Facebook страницата на Вип.

Дваесетте избрани дела за изложбата беа само мал дел од фотографиите што ги направија 12-те  професионални фотографи од различни локации во Скопје, Битола, Кратово, Штип, Охрид и Тетово.

Карактеристично и уникатно за оваа изложба е тоа што сите фотографии беа направени со мобилен телефон Samsung Galaxy S4 и во истиот момент беа испратени до присутните на изложбата и беа поставени на Facebook, благодарение на напредните карактеристики на Вип 3G мрежата.

Тимот на Вип подготви пригодни изненадувања за сите оние што активно учествуваа, коментираа и го дадоа својот Like на Facebook изборот за најдобра фотографија од првата 3G изложба во Македонија.

- Целиот настан беше одлична можност да се види и доживее моќта на мобилната технологија, овој пат ставена во функција на уметноста, оцени главениот маркетинг директор на Вип, Џакомо Тоњони, не криејќи го своето задоволство што посетителите на изложбата, но и фановите на Вип на социјалните мрежи, имаа можност да доживеат една поинаква, возбудлива перспектива на својот град претставена преку уметнички фотографии, благодарение на можностите на мобилната телефонија и 3G мрежата на Вип.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи