Првата биткоин банка во светот ги отвори вратите во Австрија
Објавено во: Економија 13 Февруари, 2017
Во главниот град на Австрија првата биткоин банка ги отвори вратите. Финансиската институција Bitcoin-Bank, именувана по виртуелната валута, им овозможува на клиентите да разменуваат евра во биткоин и обратно, како и да добиваат разни информации за валутата.
Банката е во сопственост на берлинскиот стартап „Bit Trust Services“, кој е дистрибутер на „blockchain“ технологијата и е со седиште во Берлин. Целта на создавањето на банката е дека купо-продажбата на виртуелната валута е неколку пати побрзо отколку другите девизни трансакции и може да бидат извршени без посредник.
Според основачот на „Биткоин Австрија„ Андреас Петерсон, другиот плус при плаќања со биткоини е анонимноста. Ова води до висок степен на приватноста. При купување продавачот не располага со лични податоци на купувачот, а за извршување на трансакциите не се потребни кредитни или дебитни картички.
Првиот биткоин банкомат се појави во Австрија пред околу три години. Оттогаш до денешен ден во Виена плаќање со помош на валутата одржуваат 20 компании и институции, вклучувајќи барови, ресторани и слично.