28 Март, 2024
0.0264

Прво судење во 2017: СЈО против началникот на Петта управа Горан Грујевски

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Денеска продолжува судскиот процес против екс началникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски за случајот на Специјалното јавно обвинителство познат како „Тврдина 2“. Тој и уште шест архиварки во Управата за безбедност и контраразузнавање се обвинети дека уништиле службени документи на тајната полиција.

Судот на претходното рочиште го задолжи Специјалното обвинителство да обезбеди дозвола од УБК за да ги користи доказите кои биле класифицирани. Тимот на Катица Јанева информираше дека добил одговор од тајната полиција, но не кажаа каков. Ќе и’ го предале на судијката за таа да одлучи дали на доказите ќе им се тргне префиксот „тајни“ и дали тие и ќе се користат во судскит процес.

Ова беше првото обвинение кое го поднесе Специјалното јавно обвинителство. На прес конференцијата обвинителката Фатиме Фетаи изјави дека СЈО располага со доволен број докази од кои основано може да се очекува донесување на осудителна пресуда.

„Првообвинетиот во својство на службено лице во Петтата управа при УБК незаконито формирал комисија за ништење на службена документација и заедно со шесте членови на комисијата уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат за системите за следење на комуникациите. Во списите имало и класифицирани документи“, рече Фетаи на прес конференцијата на 15 септември минатата година.

Според обвинението, инволвираните без никаква процедура за ништење ги запалиле списите на локација која им била посочена од началникот Грујевски. Уништени се и класифицирани информации без уништувањето да биде извршено на начин кој ќе овозможи понатамошно обновување на класифицираниот материјал.

Судењето го води судијката Лидија Петровска, за која СЈО бараше изземање поради нејзиното спомнување во таканаречените „бомби“ коишто минатата година ги објавуваше лидерот на опозицијата Зоран Заев. Кривичниот суд го одби барањето на СЈО со образложение дека нема околности што предизвикуваат сомневање за нејзината непристрасност.

Обвинетите во Титаник 2 се гонат за кривичното дело „Фалсификување службена исправа“.

Девет Т на СЈО

Специјалното јавно обвинителство досега отвори девет истраги и поднесе две обвиненија. Осомничени се десетици лица, актуелни и поранешни државни и локални функционери а 21 се обвинети. Сите истраги се на буквата Т, Таргет, Титаник, Тортура, ТНТ, Транспортер, Тврдина, Трезор, Топлик и Тендери, освен обвиненијата кои завршија во Кривичниот суд и за кои во тек се  судски процеси останаа без име.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?