Првокативна реклама со Меланија Трамп во Загреб
Објавено во: Балкан 16 Септември, 2017
Контроверзен рекламен билборд се појави во Загреб, а искористен е ликот на американската Прва дама Меланија Трамп. Рекламата со слоганот „Замислете си колку далеку може да стигнете со малку англиски“ е дело на Американскиот институт во Загреб за јазични курсеви за англиски.
Нивната провокација оди на сметка на лошиот англиски јазик на Меланија која потекнува од Словенија и треба да послужи како мотив за учење на англискиот на правилен начин.
Засега нема реакција од Белата куќа, но адвокатската куќа на Меланија е секогаш подготвена да тужи секого кој го злоупотребува името, ликот или имиџот на сопругата на американскиот претседател, па се очекува и конкретен чекор.
Инаку коментарите за оваа контроверзна реклама се различни, некои ја одобруваат оценувајќи ја како многу креативна, други ја критикуваат како навредлива.