19 Април, 2024
0.0289

Психолог Лидија Зорба: Говорот на омраза, најсигурно оружје да се избегнат реалните проблеми

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Говорот на омраза се шири на социјалните мрежи. Не се изземени ниту трагични настани кои покрај болка и неверување кај блиските и семејствата,  ја кренаа на нозе целата јавност. Па така социјалните мрежи беа преплавени со фотографии и пораки за прераната смрт на двајцата планинари, но  и  многубројни статуси  кои на трагичниот настан  му  препишаа политика, критика, лични навреди, омраза, , пред се помеѓу граѓани кои се симпатизери или припаѓаат на различни политички опции.

Честите конфликти, тензии, немири или протести со филувани известувања од страна на дел од  медиуми, се неодминлив декор на партизираните општества и тие имаат функција да го свртат вниманието на јавноста од криминалот и сиромаштијата- вели за Фактор, психологот Лидија Зорба. Според неа  колку поголема поделеност има помеѓу граѓаните – има толку понестабилно општество и понеефикасни институции на системот.

“Еден од најдобрите и најпроверените методи, а кој одлично функционира во земји со кревки демократии е  создавање и одржување на политичка, верска, национална или по друг основ поделеност на граѓаните. Ако атмоферата на нетрпеливост и тензија се излади, политичките лидери со помош на медиумите знаат како да ја подгреат. Се работи за социопатолошка појава која се креира и одржува со помош на популистички психолошки методи кои за професионалец се лесно воочливи”-вели психологот Зорба.

Според неа корените на проблемот се длабоки и дамнешни. А, за решение е потребна силна волја и решителност.

“Иако политичката поларизацијата на граѓаните во Македонија навидум се манифестираше по нејзиното одвојување од југословенската федерација, корените на поделеноста се многу подлабоки и од поодамна. Од социопсихолошка гледна точка, коренот на екстремната партизација и поларизација на граѓаните во Македонија се должи на: неконтролираната миграција село-град во педесетите години од минатиот век, очајната состојба со образованието на младите, кое уште во време кога Македонија беше дел од југословенската федерација им подлегна на непотизмот и корупцијата и невработеноста која настапи како резултат на промашената економска политика која заедно со таканареченото – самоуправување - забрзано го уништуваше стопанството, а со тоа и шансите на младите луѓе да најдат работа од којашто ќе можат пристојно да живеат. Тоа беше одлична подлога за формирање криминални структури кои брзо и лесно се поврзаа со новоформираните политички партии на кои им беа потреби пари. За да може непречено да се одвива грабежот на државата и населението, од клучно значење беше да се одржува постојана нестабилност на државните институции кои би можеле да го спречуваат криминалот”- објаснува психологот Зорба.

Решението на проблемите вели  е многу едноставно и можно- цврсто и безкомпромисно девалвирање на криминалот и се што е поврзано со него и промоција и унапредување на моралните вредности во општеството и бенефициите од нив.

“Потребно е да се избере лидер на државата кој ќе има личен и професионален капацитет, но пред се интегриетет со кој ќе сака и знае како да ги обедини граѓаните, на начин со кој ќе ги нивелира креираните, но вкоренети спротивставености, без притоа да засегне во човековите права и слободи. Тоа не е лесна задача и може да се реши. Следниот чекор е решително, цврсто и безкомпромисно девалвирање на криминалот и се што е поврзано со него и промоција и унапредување на моралните вредности во општеството и бенефициите од нив. Се разбира, за ова е потребна департизација и декриминализација на државните институции, пред се на медиумите, полицијата и судството”- потенцира м-р Зорба.

Новите генерации млади луѓе во Македонија според неа се најголемото богатство што го има државата. Тие  вели не се изгубени. Одговорноста за нивната иднина како што вели сега е во рацете на нивните родители кои и во овие услови имаат избор – да ги негуваат и поддржуваат вистинските вредности во семејството и општеството или да преживуваат по линија на помал отпор и да гледаат како нивните деца емигрираат или седат дома без работа. 

Можеби ќе ве интересира

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо