26 Април, 2024
0.0787

Publicis Groupe станува лидер во индустријата за маркетинг и дигитални бизнис трансформации

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

•Креирање на Publicis Spine со цел да се обезбеди заедничка трансформација на потрошувачите и претпријатијата

•Организира алатки за дигитална бизнис трансформација во различни индустрии 

•Ги усогласува DigitasLBi со Publicis Media за беспрекорен пристап до дополнителни скалабилни податоци и медиа ресурси

Publicis Groupe [Euronext Paris FR0000130577, CAC 40] објави три главни иницијативи кои ги унапредуваат амбициите на компанијата да стане лидер на пазарот во маркетинг и дигитални бизнис трансформации.

Првата е создавањето на Publicis Spine, алатка која ги спојува сите податоци, технологии и талент на Publicis Groupe, зајакнувајќи ја уникатната предност на компанијата за водење  и поврзување на  маркетинг трансформацијата и дигиталната бизнис трансформација. Publicis Spine опфаќа три основни компоненти.

1.Унифицирани податоци од 3 различни извори кои ќе овозможат да се создадат единствени идентификациони карти, кои ќе информираат кога, каде и како да се информираат потрошувачите и со каква порака.

2.PeopleCloud, платформа базирана на облак која користи податоци за да ги идентификува изворите на раст на клиентите на индивидуално ниво. Оваа “крај-до-крај” платформа комбинира бихевиористичка и семантичка интелигенција, за информирање на медиумите и донесување креативни одлуки, за активација и динамично мерење.

3.Колективната моќ на 3.500 инженери, аналитичари и стратези од целата PublicisGroupe собрана во една централизирана база на податоци и анализи, ќе им помогне на клиентите да ги претворат податоците во бизнис решение.

Publicis Groupe со оваа трансформација креира нова ера во маркетинг и дигиталниот бизнис, создавајќи уникатна и софостицирана платформа за комуникација со потрошувачите. Пристапот до овие ресурси ќе имаат клиентите на Publicis Groupe низ различни локации, вклучувајќи ја и Македонија, овозможувајќи им да го развијат нивниот бизнис и категорија. 

"Ова се следните природни чекори во развојот на нашиот модел. Кои водат кон понатамошно зајакнување на способноста за маркетинг и бизнис трансформација и, што е најважно, остануваме тесно меѓусебно поврзани, поттикнати и охрабрени од сите наши експертизи" - изјави Arthur Sadoun. „Во денешниот свет, брендот е искуство, а искуството е бренд" - изјави Steve King. "Овие способности ќе ни помогнат да ги ослободиме нашите потенцијали, со цел да овозможиме развој на нашите клиенти и да креираме подобро искуство за потрошувачите".

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет