Добивај вести на Viber
Со спојување на американската маркетинг компанија, Омником, и француската, Публицис, се формира најголемиот маркетинг гигант на светот, вреден 35,1 милијади долари, пренесува Би-Би-Си.
Публицис Омником Група ќе вработи повеќе од 130 илјади луѓе и ќе се појави на Њујоршката и Париската берза со капитал од 26,5 милијарди евра. Компанијата ќе ја водат досегашните директори Џон Рен и Морис Леви. Конечното спојување треба да заврши во март 2014 година.
Публицис Омником Група на едно место ќе ги собере светските агенции како Лео Барнет, ББДО, Сачи и Сачи, Публицис Ворлдвајд, ЗенитОптимедија, СтаркомМедијаВест и други.
Со спојувањето на двете маркетингшки компании ќе се намали конкуренцијата на овој пазар, а во една компанија ќе се најдат клиенти како Кока-Кола, Пепсико, Мекдоналдс, Џем Брендс, Тако Бел и други големи компании.