Пуџдемон: Владата во Мадрид не го почитува владеењето на правото
Објавено во: Свет 21 Октомври, 2017
Kаталонскиот лидер Карлес Пуџдемон вечерва изјави дека каталонскиот народ не може да ги прифати мерките на шпанската Влада за распуштање на регионалните власти во Каталонија и за распишување на избори во регионот.
„Со ваквите потези Владата во Мадрид не го почитува владеењето на правото“ - порача Пуџдемон.
Во обраќање до граѓаните тој побара одржување седница на каталонскиот Парламент на која би се расправало за мерките што ги презема Владата во Мадрид, кои практично значат суспензија на каталонската автономија.
Вечерва имаше и протести во Барселона на кои излегоа над 450.000 луѓе.