Пуџдемон: Ме третираат како криминалец
Објавено во: Свет 11 Ноември, 2017
Сменетиот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон, вели дека јавноста го третира како педофил откако е пуштен да се брани од слобода во Белгија.
„Ме третираат како криминалец, како педофил, сериски убиец. Тоа е злоставување. Ова е користење на судовите во политички цели. Тоа е закана бидејќи делото за кое сум обвинет може да ме затвори зад решетки 30 години. Тоа е лудост. Тоа не е правда, туку освета“- рекол Пуџдемон за „Скај Њуз“.
Пучдемон се наѓа во Брисел каде што замина откако Каталонија прогласи независност, а Мадрид ја смени каталонската Влада.
Тој рекол дека не е бунтовник и дека е многу дисциплиниран.
„Само сакам да го направам тоа што го одобри мојот парламент. Тоа е многу нормално, нема ништо бунтовничко во тоа“- рекол Пуџдемон.
Тој и уште четворица министри ѝ се предадоа на белгиската полиција, а еден ден подоцна беа ослободени.