23 Април, 2024
0.0259

ПУКАЊЕ ВО ПРАЗНО: Дачиќ се правда дека Србија ги бранела своите интереси

Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека се сложува со ставот на нашето МНР дека не треба да се руши пријателството меѓу Србија и Македонија, нагласувајќи дека тоа треба да важи и во Белград и во Скопје.

Реагирајќи на интервјуто шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за Бета, МВР на Македонија укажа на тоа дека политичарите треба да бидат одговорни и да не ги уриваат пријателствата меѓу двете соседни земји.

„Треба ли да ги потсетувам колегите во Скопје колку Србија вложувала во тоа сите овие години, признавајќи ја Македонија под уставното име, ризикувајќи ги своите односи со Грција, иако и во ОН и во ЕУ се користи името БЈРМ. Македонија после тоа еднострано ја призна независноста на Косово“, наведе Дачиќ.

Српскиот министер за надворешни работи порача дека Белград никогаш ништо не направил, и нема да направи на штета на Скопје, и дека би сакал да биде истото и обратно. „А ако не биде така, тогаш никој нема право да и се лути на Србија што ги брани своите интереси“, смета Дачиќ.

Ивица Дачиќ изјави дека е длабоко уверен во потребата за пријателски односи со Македонија, но дека не може да се прави дека не гледа оти Македонија го признала Косово и гласала за прием на Косово во Унеско, а дека Србија ја признала Македонија под уставното име, што е најважното државно прашање за Македонија.

Српските политичари за ставот на Дачиќ..

„Пукање во празно“, накратко би можела да се нарече „заканата“ на српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ на сметка на соседните држави Црна Гора и Македонија. Вака српските портали ја толкуваат изјавата н Дачиќ.

Иако вели дека Србија ќе игра конструктивна улога во решавање на проблемите во регионот, и дека не се работи за никаква одмазда, Дачиќ сепак вели дека едвај чека „кога ќе се појави во меѓународните организации некој став кој е важен за Македонија, за Црна Гора, па да видиме како Србија ќе се постави“.

Реципроцитет, закани или нешто трето

Во толкувањето на министерот за надворешни работи се работи за реципроцитет а суштински се работи за заканувачки сигнали кои стигаат кон соседите. Дали тие се наистина сериозни и дали ќе се реализираат, соговорниците на српски Блиц, велат дека веројатноста е мала, а овие зборови ги толкуваат како се поголемо „заглибување“.

Србија е членка на Генералното собрание на Обединетите нации, но не и на Советот за безбедност на ОН, така да незнам што би можела сериозно да направи. Можеби во Советот за безбедност можеме да лобираме кај големите сили, но секое вето многу чини. Ние не сме членка на ЕУ, ниту имаме големо влијание и сила, така да не ми е баш најјасно што мислел министерот. Вистина е дека имаме добри односи со Германија, но не нерувам дека тие ќе се стават на наша страна кога се во прашање вакви работи-вели Александар Попов, директор на Центарот за регионализам.

Покажување мускули на најслабите

Како што вели, погрешна е политиката и целосно погрешен став „да им вратиме на сите мило за драго“.

Тоа е во спротивност со она што е политика на Владата на Србија. Се прашувам што може да биде со Бугарија и Романија ако не блокираат во еден момент. Најлесно е да им покажувате мускули на најслабите, што Србија покажа кога своевремено многу држави го признаа Косово. Тогаш на сите им се упатени протести, само амбасадорите на Црна Гора и Македонија се протерани-вели Попов истакнувајќи дека треба да се градат односи, но дека овој пат е во сосема спротивен правец.

Како што наведува, ниту Црна Гора, ниту Македонија не биле воодушевени што го признале Косово, а во тоа имале и внатрешна и надворешна политика.

Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?