25 Април, 2024
0.2625

Пукни Зоро!

Објавено во: Анализа 22 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Ќе дочекаме ли конечно малку поголемо општо размрдување на акциите нашата берза? Првичниот период на растење како по обичај кај нас го преспаа голем број на инвеститори. И тоа секако е со добра причина. Како што пишувавме во изминатиот текст стравот е толку длабоко вкоренет кај инвеститорите да никој не ни помислува на посериозно враќање на берзата. Исто така правилото кој продал не згрешил се покажало како златно правило на нашата берза, па така чекањето во ров се чини како најсигурна опција.  Друга причина е што веројатно нема ни свежи пари за инвестирање. Дел се потрошија во овој кризен перидот, а дел секако потоа заедно со индексот. Од друга страна светот полека но сигурно ги враќа загубените вредности. Отворете  ги најзначајните светски индекси и ќе видите дека берзите ги враќаат нивоата од 2007 година. Секогаш кога пишуваме за технички трендови не навлегуваме за причините зошто тоа е така, бидејќи кога се анализираат трендовите тоа воошто не не интересира. Значи и покрај сите закани за апокалипса, пропаст, нов свестки поредок итн берзата на западните инвеститори им овозможи креирање на нови богатства на оние кои се покажале како паметни инвеститори. Е сега колку воопшто има паметни инвститори тоа е исто така друга прашање за друга тема. Дали е можна втора криза и нов потоп? Секако, немаме никаква дилема за тоа, но во овој момент берзите успеваат да генерираат исклучително високи поврати на капиталот. Сепак нас нормално не интересира тоа што се случува кај нас. Повторно приказната ќе ја започнеме од Словенија....мораме бидејќи Словенците држат доволно акции кај нас и тоа што се случува на нивната берза секако влијание на тоа што решаваат да го прават со нашите акции. Кога е добро кај нив, нема потреба од притисок на продажна страна и работите изгледаат подобро кај нас. Доколку пак кај нив и продолжи да расте за очекување е дека дел од позитивната енергерија и можеби ќе решат по после многу долго време да завземат позиција на куповната страна. И покрај сите политички потреси кои без дилема имаа влијание на берзата (видете ја дупката во горниот десен гол) сепак трендот останува јасно позитивен. Впрочем од последниот пат кога пишуваме за техничките трендови (http://faktor.mk/archives/17874) како што гледате индесот пораснал цели 30 поени и очигледно купувачите смеаат дека секој евентуален пад треба да се искористи за докупување на акциите. Добро е што трендот трае подолго време и дека растот се пкажува отпорен и на овие сериозно политички потреси, кои во овој момент делуваат како најпроблетични за иднината на берзата. Одиме на Хрватската и Белградската берза, да видиме дали имаме прелевање на оптмизмот од северот: По двојното дно на 1680 поени (обележано со големата црвена линија) може да забележите позитивен трендовски пресек (мала црвена линија) на 20 и 50 дневниот просек и потоа уште појасен пресек кога 20 и 50 дневниот просек го поминуваат големиот 200 дневен (таканаречен златен пресек). Сето ова е јасен технички сигнал дека биковите конечно пчнуваат да ја играат својата игра и во регионот. Хрватска значи влегува во период во кој доколку индексот успее да оди над 1800 поени ќе го потврди новиот раст. Ова е веќе Белград, може да се каже и дека овде ситуацијата е уште појасна од Загреб. На 430 поени индесот покажува дека дното е дојдено и потоа берзата отиде силно нагоре до 560 поени. И овде како и во Хрватска и во Словенија е направен златниот пресек кој ја потврдува новата промена на трендот од негативен во позитивен. И како и обично, нашата берза доаѓа на крајот и конечно добри вести и од дома: Розевата и сивата линија се 20 и 50 дневните просеци на индексот. По скоро една година и нашата берза влегува во позитивен пресек. Последен пат кога се случил овој пресек се покажал како лажен (гледаде дека потовме до 1750 поени). Сепак сега климата е позитивна во целиот регион и конечно по подолго време може да се надеваме на позитивни резултати и од домашната берза. И како и обично за крај, да ја погледнеме носечката акција на берзата: Ова е движењето на цената на Комерцијалба Банка. Јасно е дека 2300 беше нивото на кое акцијата се одби за нагоре. Позитивното е тоа што имаме фино изразен 20/50 пресек. Можеби клучното за идното движење ќе биде финансискиот резултат кој треба да се објави некаде кон крајот на овој месец. Ќе видиме колкав краен ефект ќе има продажбата на зградата и тогаш ќе може да се калкулира и со висината на дивидендата за наредната година која можно е да биде релативно висока во случај на добар резултат. Како ниво кое треба да се внимава би определиле 2.500-2.550. Доколку акцијата успее да се одржи над овој ранг инвеститорите може да очекуваат подобри денови и кај најликвидната акција на берзата. Милан Димитриоски