Пушачите на удар-наскоро нови поскапувања на цигарите
Објавено во: Економија 17 Април, 2017
Нов бран поскапувања на цигарите од јуни ќе удри по џебот на пушачите.
За два месеци пушачите ќе плаќаат четири денари повеќе.
За пет денари пред празниците поскапеа цигарите „Вест“ (силвер, ред и вајт), „Волтер Вулф“ (блек и вајт) и „Ронхил Вејв“ (голд и блек).
Поскапувањето на цигарите започна пред две години, во јуни 2015, а почнувајќи од годинава, па се во наредните седум години цените на цигарите годишно ќе поскапуваат по четири денари.
Тоа значи дека ако сега плаќате 120 денари за кутија цигари, за осум години ќе плаќате 154 денари за истата кутија.