25 Април, 2024
0.0274

Путин ги разгневи Бугарите: Тие контрираат дека писменоста во Русија дошла од Македонија

Објавено во: Балкан 25 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

„Дознав дека рускиот претседател Владимир Путин денеска (вчера) се обратил кон македонскиот колега Ѓорге Иванов со зборовите: „писменоста дојде кај нас од македонската земја. „Лидерот на нашата пријателска југозападна соседна земја одговара дека светите браќа Кирил и Методиј се духовни учители на македонскиот народ, а свети Климент Охридски е најпознатиот македонски светец“. 

Ова го пишува во својот Facebook профил Екатерина Захариева министерката за надворешни работи и вицепремиер на соседна Бугарија по повод вчерашните изјави на шефовите на Русија и Македонија. 

Потсетуваме дека претходно македонскиот претседател Ѓорге Иванов беше во посета на Москва. Тој заедно со рускиот лидер Владимир Путин разговараа за понатамошен развој на билатералните односи и разменија мислења за актуелни теми - пред сè за ситуацијата на Балканот. „Денес во Русија е свечен ден - Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја. Сакам да ве поздравам со оваа награда“. Ова го изјавил Путин пред македонскиот колега Ѓорге Иванов при нивната средба во Кремљ. Информациите ги соопшти официјалниот сајт на државниот шеф на Руската Федерација. 

Изјавата на рускиот претседател е доста изненадувачка. Досега тој секогаш истакнуваше дека Бугарија и ја дала на Русија азбуката. Во 2015 година Владимир Путин изјави: „Ние имаме многу заеднички нешта со Бугарија. Блиски сме по род, јазик, култура, вредности, традиции. Ние сме им дале слобода, тие ни дадоа азбука“, потсетува уште телевизија Канал 3. 

Од своја страна Ѓорге Иванов истакна дека за него е голема чест да биде во Кремљ во овој ден. „Како што рековте, симболиката на оваа посета е навистина голема. Денес го почитуваме споменот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, кои се наши духовни учители“, вели Иванов. 

По повод изјавите на Путин и Иванов, Захариева реагира вака:

„Создавањето на писменоста се случило по волјата и со учество на бугарската држава и неслучајно бугарскиот владетел Борис Прв присуствува во сите старословенски книги како цар Борис Михаил - Покрстител, кој ја воведе верата и писменоста“ , пишува Захариева . 

„На 29-ти април 2012 година Патријархот на Москва и цела Русија Кирил му рече на претседателот Плевнелиев во Софија: Бугарите пренесоа вредна писменост во Русија. Не може да не не радува дека веќе и шефовите на други земји си го честитаат меѓусебно најсветиот бугарски празник. Тоа несомнено е признание за придонесот кон европската и светската култура на нашата земја, каде што кирилицата е создадена и од каде се проширила кон други земји и народи“, забележува Захариева. 

„Благодарение на Бугарија кирилицата е веќе и на банкнотите од единствената европска валута. Празникот не е само наш, а кирилицата е заедничка. Но знајте дека ја паметиме историјата и затоа сме горди. Ништо повеќе не можам да додадам од овој стих на Иван Вазов: дека и ние со ова сме дале нешто на светот и на Сите Словени книга да читаат“, го завршува постот Екатерина Захариева. 

Претседателот Ѓорге Иванов вчера беше во Москва, за да ја прими наградата на фондацијата „Единство на православните народи“ во името на покојниот патријарх Алексиј II.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)