ПУТИН ГО ШОКИРАШЕ СВЕТОТ: Еве што не поседува и не користи
Објавено во: Свет 09 Февруари, 2018
Рускиот претседател Владимир Путин (65) вели дека воопшто нема паметен телефон.
За себе вели дека е „технофоб“ и признава дека никогаш не користи Интернет. Повеќе сака за важните работи да го информираат најблиските соработници.
Својата нетрпеливост кон современите технологии ја истакна и за време на состанокот со научниците и академците во Сибир по изјавата на членовите на институтот за нуклеарно истражување за тоа како „денеска секој има паметен телефон во џебот“.
„Велите дека сите имаат паметен телефон, но јас го немам“ - низ смеа кажал Путин.
Додал дека, за разлика од Трамп кој е „опседнат со Твитер“, нема апсолутно никаков интерес за социјалните мрежи.
Повеќето светски лидери ги користат социјалните мрежи за соопштување на своите ставови, но и одлуки.