25 Април, 2024
0.1159

Путин и Ердоган загрижени од непромисленоста на Трамп

Објавено во: Свет 08 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган се загрижени од непромислената и еднострана одлука на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел што може да има несогледливи последици врз регионот и пошироката стабилност.

„Двете страни изразија сериозна загриженост во врска со одлуката на САД да го признаат Ерусалим како главен град на Израел и објавувањето за преселување од Тел Авив на американската амбасада. Ваквите чекори може да ја уништат иднината на мировниот процес на Блискиот исток“, се истакнува во соопштението на Кремљ.

Во текот на разговорот, кој се одржал по иницијатива на турската страна, Ердоган го информирал Путин дека на 13-ти декември во Истанбул е свикан вонреден самит на Организацијата на исламската соработка посветен на ситуацијата околу Ерусалим.

Двајцата челници ја истакнале неприфатливоста на тамошната ескалација на тензиите во регионот. Според нив, напорите на меѓународната заедница треба да бидат насочени на поддршката на продолжувањето на израелско-палестинските преговори, со цел да се најде компромисно решение за сите проблеми, вклучително и за статусот на Ерусалим.

„Потврдена е приврзаноста на Русија и на Турција за постигнување правично и одржливо решение на кризата на Блискиот исток, во прв ред, во согласност со соодветните резолуции на Советот за безбедност и Генералното собрание на Обединетите нации и остварувањето на правото на палестинскиот народ да формира сопствена држава“, соопштија од Кремљ.


Можеби ќе ве интересира

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму