28 Март, 2024
0.0426

ПУТИН И ТРАМП ДЕНЕС РАЗГОВАРААТ ЗА ПРВ ПАТ: Еве за што ќе зборуваат најмоќните лидери!

Објавено во: Свет 28 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска телефонски ќе разговара со претседателот на Русија Владимир Путин, потврдија од Белата куќа.

Тоа вчера го најави портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер на Твитер.

Високата советничка во Белата куќа Колиен Конвеј изјави дека Трамп и Путин веројатно ќе зборуваат за широк опсег на теми, вклучувајќи ги и американските санкции против Москва и заедничките напори во борба против тероризам.

„Претпоставувам дека тие ќе разговараат, во интерес на своите земји, за тоа како ќе се здружат и работат заедно на прашања околу кои можат да пронајдат заедничка основа и за тоа каде овие две нации можби би можеле да ги поразат радикалните исламисти“, одговори советничката на Трамп.

АП пренесува дека Конвеј во текот на гостувањето во емисијата на Фокс њуз ги наведе санкциите кои САД ги воведоа против Русија како една од темите. Таа рекла и дека Трамп ќе биде „приемлив“ кон рускот претседател“ ако Путин сака да води сериозен разговор за тоа како да ги победи исламистичките екстремисти“.

Од Кремљ порачуваат дека Путин планира на Трамп да му честита стапување на должноста американски претседател и со него да размени ставови за моменталната состојба на билатерални односи.

Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков, на конференцијата за новинари, е запрашан дали ќе стане збор и за Украина, одговорил дека е малку веројатно дека тие ќе разговараат за голем број на теми со оглед дека е во прашање нивниот прв контакт од инаугурацијата на Трамп.

Ројтерс потсетува дека Кремљ претходно веќе најави разговор на Трамп со Путин, а изворот на оваа агенција од Берлин рекол дека американскиот претседател ќе зборува и со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд.

Инаку, портпаролката на Ангела Меркел одбила да го коментира тоа.

Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти