29 Март, 2024
0.0264

Путин има „златен ген“ - од каде ова влече корени објаснија научниците

Објавено во: Свет 23 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Опсадата на Ленинград од нацистите во Втората светска војна остави последици на генетскиот код на граѓаните на Санкт Петербург, вклучувајќи го и претседателот на Русија, Владимир Путин, кој е роден неколку години по окупацијата.

Ова го тврди филмот во режија на Елеонора Лукианова „Блокада крв. Генетика“, кој што на 18 јануари го гледаа претставници на министерството за култура, Думата, како и ветерани од Втората светска војна.

Окупацијата на Ленинград од страна на германските и финските сили за време на Втората светска војна траела 872 дена, а жителите наоѓале најразлични начини за преживување така што  јаделе кучиња, домашни миленици, па дури и лепило, а важна улога имало и донирањето на крв на војниците повредени во борбата со нацистите.

Од почетокот на нацистичката инвазија на Советсиот сојуз на 22 јуни 1941 година, па до крајот на годината, 25.865 луѓе донирале крв за повредените војници во замена за малку храна.

Така била формирана посебна крвна супстанца која што содржела 10% нулта крвна група, па граѓаните на денешен Санкт Петербург имаат „златен ген“ – поточно генетска мутација која, според мислењето на психолог, ги обединува во иста психолошко-бихевиорална група.

Како најсветол пример се спомнува претседателот Владимир Путин, кој што е роден во 1952 година, неколку години по окупацијата. За него ова е болна тема, а неколку пати јавно говорел и пишувал за членовите на семејството што го изгубил за време на опсадата, вклучувајќи го и постариот брат.

Приказните за златниот-ген ги потврди и истражувањето на Институтот за гинекологија и акушерство во Санкт Петербург. Тие пред неколку години анализираа група на луѓе кои ја преживеале окупацијата и пронашле три генетски мутации кои се поврзуваат со поефикасен метаболизам.

Генетичарот Стивен О’Брајен изјави дека наодите на Институтот се фасцинантни, но предупреди дека малиот примерок на преживеани ги направил резултатите потешки за интерпретација.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?