ПУТИН ЗГРМЕ: Нападот на САД врз Сирија е агресија!
Објавено во: Свет 07 Април, 2017
Рускиот претседател Владимир Путин верува дека американскиот напад претставува сериозна препрека на создавање меѓународна коалиција за борба против тероризмот.
Путин го осуди нападот на САД врз Сирија и го нарече агресија на суверена држава и кршење на меѓународното право“, изјавил портпаролот на рускиот претседател.
Тој додал дека сириската војска нема хемиско вооружување што потврдиле и ОН. Путин исто така верува дека нападот е обид да се сврти внимание од бројот на цивилни жртви во Ирак.
„Овој потег им нанесе штета на американско-руските односи, кои и онака се во бедна состојба“, додал Песков.
Нападот со крстаречки ракети по наредба на Доналд Трамп ако тврди американскиот претседател е одговор на нападот со хемиско оружје на цивилите во таа земја.
Русија повика на итна седница на Советот за безбедност на ОН после американскиот напад над Сирија.