29 Март, 2024
0.0245

Qualcomm се обидува да го забрани iPhone во САД

Објавено во: Стил 07 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Qualcomm се обидува да ја забрани продажбата и увозот на iPhone во САД. Познатиот производител на мобилни процесори ја продолжува правната битка против производителот на iPhone - Apple. Според информации во The Verge од Qualcomm инсистираат пред американската влада да биде забранет увозот на нови iPhone-уреди во САД, а исто така да биде прекината нивната продажба во земјата.

Причината е дека Apple при создавањето на мобилниот уред нарушува шест патенти на производителот на чипови. Овие патенти се поврзани со продолжување на животниот век на батеријата на телефоните. Тужителите бараат исто така да биде прекината продажбата на телефоните кои веќе се наоѓаат во САД.

l Qualcomm поднела приговори како во американската Комисија за меѓународна трговија, така и во Окружниот суд во јужниот округ на Калифорнија.

„Пронајдоците на Qualcomm се во срцето на секој iPhone и се простираат подалеку од технологијата за поврзување и клеточните стандарди“, изјавил Дон Розерберг, главен советник на Qualcomm.

Од Apple пак тврдат дека производителот на процесори наплатил со „несразмерно високи„ такси за употребата на патентите и Јја злоупотребува својата водечка позиција на пазарот на поврзување уреди за смартфони.