25 Април, 2024
0.0462

РАБОТЕЛ ВО НОВ ЗЕЛАНД: Вели добро е за семејства, но не и за млади луѓе

Објавено во: Стил 07 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Марио Миочевиќ има 28 години, десет години живеел во Сплит и Макарска, а веќе година и пол работи и живее во Нов Зеланд. 

Во Хрватска работел сѐ и сешто, но сакал да замине некаде надвор, а опција биле Нов Зеланд, Канада или Шведска. Највеќе време поминал работејќи како келнер. 

Се решил за Нов Зеланд затоа што имал роднини, познаници, а знаел и како оди постапката за добивање на виза. 

Миочевиќ вели дека во Хрватска во компанијата каде работел за многу кратко време се смениле 25 работници, а без објаснување платата варирала секој месец. Земал 4300, па 4000 или 3.800 куни. 

Во Нов Зеланд добил договор за работа на неопределено време што вели дека е сон во Хрватска, а платата е редовна и за 10% повисока од просечната. Сега работи во компанија во Окленд која се занимава со изградба на базени. 

„Кога почнав на почетокот не знаев ништо, дури ниту како се вика целиот тој алат на англиски јазик, но нормално со искуството доаѓа и повисока плата. Овде се цени колку работиш и колку се трудиш“ - вели Миочевиќ. 

Морал да се откаже од цигарите кои се многу скапи, а за другите работи вели дека дури се поевтини и од Хрватска. 

Сепак, вели дека Нов Зеланд е добар за семејни луѓе, но не и за млади затоа што нема ноќен живот, нема забава, многу често врне. 

Од бирократијата е задоволен и вели дека може сите обврски да се завршат по пат на интернет за 5 минути. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти