Работела по 20 часа дневно без плата, ова е епилогот
Објавено во: Финансии 06 Јануари, 2018
Брачен пар од Тексас две години терал жена од Нигерија да работи по 20 часа дневно без плата.
Затоа тие сега мора да платат оштета од 121.000 долари.
Судот им изрече казна затвор од седум месеци затвор, седум месеци куќен притвор и уште три години условна казна.
На жената од Нигерија брачиот пар ветил плата од 100 долари за да чува пет деца, но ја злоставувале од 2013 до 2015 година.