21 Октомври, 2017
0.6090
    ALK 7595.8    0.62%     BESK 11000.07    -0.92%     KMB 2800    -0.01%     MKSD 232    0%     MPT 28032.26    -0.95%     OHB 5367.09    -1.52%     REPL 52500    -0.23%     RZLV 45    0%     RZUS 129    1.57%     SBT 2180    -2.64%     STB 940.91    -0.33%     STBP 680    0%     TEL 274.5    0.92%     TNB 13300    -1.48%     TTK 828    0.12%

РАБОТЕН СТАЖ ВО ЕУ: Колку во просек работат граѓаните во земјите членки на ЕУ?

Објавено во: Економија 22 Септември, 2017

Граѓаните на земјите на ЕУ, во просек работат 35,6 години, што е за 1,8 години подолго отколку во 2006 година.

Според податоци на Евростат, траењето на работен стаж е изразено зголемен кај жените-во просек, за 2,5 години, а кај мажите за 1,1 година. За жените во 2016 година просечен очекуван работен стаж изнесувал 33,1 година, во споредба со 30,6 години во 2006. Кај мажите очекуван просечен работен стаж минатата година изнесувал 38 години, наспроти 36,9 во 2006 година.

Показателите за траење на работниот стаж го подразбраат бројот на години во кои секоја личност до 15 години може да очекува во текот на животот да биде активна на пазарот на труд, вработена или невработена, наведуваат од Евростат.

Меѓу земјите членки на ЕУ, Швеѓаните имале најдолг очекуван просечен работен стаж-41,3 години, а во стапката ги следат и Данците и Холанѓаните со очекуван работен стаж во просек од 40,3 односно 40 години.

Во Велика Британија работниот стаж во просек изнесувал 38,8 години, во Германија 38,1, во Естонија 37,8 а во Финска 37,7 години.

На дно на листата е Италија со очекуван просечен работен стаж од 31,2 години.

Меѓу земјите со просечен очекуван работен стаж пократок од 33 години се Бугарија-31,7 години, Хрватска - 32,1 година, Романија-32,4 години, Грција -32,5 години, Белгија-32,6 години, Луксембург и Полска -32,9 години.

Во сите земји членки на ЕУ, исклучиво Летонија и Литванија, во 2016 година се очекувало траењето на работниот стаж да биде подолг за мажи отколку за жени. За вкупно зголемување на работниот стаж меѓу земјите членки воглавно е причина промената во траење на стажот за жени, се наведува во извештајот на Евростат.

Можеби ќе ве интересира

ВРТОГЛАВИ ПРОГНОЗИ: Биткоинот ќе расте и ќе достигне неверојатни суми

ВРТОГЛАВИ ПРОГНОЗИ: Биткоинот ќе расте и ќе достигне неверојатни суми

БАГАТЕЛА ЦЕНИ: УЈП распродава запленети автомобили, земјишта и станови

БАГАТЕЛА ЦЕНИ: УЈП распродава запленети автомобили, земјишта и станови

Oваа земја го запре растот на цената на „црното злато“

Oваа земја го запре растот на цената на „црното злато“

Фактор дознава: Бугарска компанија го презема ФЕНИ

Фактор дознава: Бугарска компанија го презема ФЕНИ

ПОВИСОКА НЕТО И БРУТО ПЛАТА ОД ЛАНИ: Колку изнесува просекот за август?

ПОВИСОКА НЕТО И БРУТО ПЛАТА ОД ЛАНИ: Колку изнесува просекот за август?

Светска банка и предвидува раст на македонската економија од 1,5 проценти

Светска банка и предвидува раст на македонската економија од 1,5 проценти

Колку пари „истресоа“ партиите за вториот круг од изборната кампања?

Колку пари „истресоа“ партиите за вториот круг од изборната кампања?

Ќе стане ли комбинираната централа Когел Стил златна кокошка?

Ќе стане ли комбинираната централа Когел Стил златна кокошка?

Колку чини синдикалната кошничка?

Колку чини синдикалната кошничка?