25 Април, 2024
0.0329

РАБОТНИЧКИ МАКИ: Како се преживува со плата од 150 евра?

Објавено во: Финансии 31 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Да се помине  месецот со плата  од 150 евра е навистина тешко и човек мора да се лиши од многу работи.

Ова од свое искуство го потврдува П.Е. од внатрешноста на Македонија која со години работи во приватен сектор за мала плата, иако има завршено високо образование.  Вели дека условите и платите во земјава не даваат надеж, но сепак смета дека во многу полоша ситуација од неа се оние кои со истите пари мораат да одржуваат семејство.

„Од самото дипломирање, од 2007-та година, отсекогаш работам за мала плата. Прво во вид на хонорар од 6.000 до 8.000 денари и тоа на повеќе работни места и повеќе фирми, како волонтер, демек со скратено работно време, како можност да се покажеш и докажеш. Сите велат дека тоа е почетната плата, а потоа ќе се зголеми, ама никогаш не се зголемува, може само да се намали кога на фирмата „не и’ оди добро“,  иако истата работа ја вршиш.  Кога барем малку ќе го кренеш гласот и ќе се побуниш, од работодавачот добиваш одговор „Толку можам, ако не ти одговара оди си“.  А каде да одиш? По неколку години работа, притиснат од законите, мојот работодавец ме пријави. Сега земам минимална плата од 10. 080 денари“ – раскажува девојката.

Раскажува како ја менаџира скромната заработка, кои се приоритетите во домаќинството, но додава дека со оваа сума едвај може да се заштеди во текот на годината.

„Ако не плаќаат сметки дома, младите со овие пари можат да покријат гардероба и ноќно излегување и кафиња (колку да не бараат дома од мама пари, а како младилуѓе  сакаат да прошетаат). Ако не се расфрла со излегувањата, можно е да заштеди околу  200 евра за просечен летен одмор. Од друга страна,пак, ако од него зависи водењето на домаќинството и околу 3.000-4000 денари дава за сметки, 5.000-6,000 денари за храна, не му останува ама баш ништо. А ако истиот има и деца дома кои имаат свои потреби, е тогаш потребна е дури и позајмица. Кај мене првин се плаќаат сметките, бидејќи ако тие заостанат, тешко ќе можеме да испливаме од долговите, а и каматите си растат. Потоа со остатокот на парите се купува храна, таман остануваат 1.000-2.000 денари кои ги стискаш во џебот до крајот на месецот за „не дај боже“. Гардероба, шминка или прошетки- тоа само во специјални прилики ако успееш навреме да заштедиш“ – додава таа.

П.Е. вели дека многу често за неа е непријатно да каже колку изнесува нејзината плата или хонорар и избегнува разговори на оваа тема. Вели дека некои луѓе сочувствуваат, а други имаат негативни коментари за висината на платата.

„Обично избегнувам да зборувам за таа тема, бидејќи чувствувам дека луѓето како да ме гледаат со сожалување кога ја кажувам и веднаш по тоа додаваат „Па за тоа ли учеше...“ Па како тој и тој со средно образование зема поголема плата и е на повисока функција итн. Како да оваа моја мала плата е одраз на тоа што не сум можела да се снајдам во системот, да се изборам со партиска книшка, лепење плакати и умилкување на „големците“. А луѓето често прашуваат за износот на сумата, бидејќи на некој начин им е потребна потврда дека несе сами, дека има и други кои исто како нив работат деноноќно за мала сума. И тоа на некој начин им дава чувство на помирување  со ситуацијата. Не сум сам има и други, секаде е така. Што е тоа е“ – рече П.Е.

Вели дека секој ден размислуваза промена на работното место, секој ден ги разгледува огласите, но смета дека кај нас и за во сендвичара се потребни врски, а не пак за повисока позиција. Потекнува од работничко семејство,  нема врски и затоа многу пати како и другите размислува дека е подобро нешто отколку ништо. На тој начин мора да се помири со ситуацијата затоа што едноставно кај нас и нема многу избор.  Испратила кратка биографија на многу огласи, но повратен одговор не добила.

Сања Атанасовска 


Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот