Работници од регионот навалија во Германија
Објавено во: Економија 03 Јануари, 2017
Германија и понатаму е атрактивна за работа за луѓето од Балканот.
Тоа го покажуваат и бројките. Тие луѓе морале да имаат конкретна понуда за работа или понуда за пракса, наведува германскиот весник Die Welt. Во земјата во првите 11 месеци од 2016 година, се вработиле 50.000 луѓе од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.
Според податоците на Германската сојузна агенција за работа, во истиот период во претходната година дозвола за работа добиле 16.500 луѓе од овие земји, објави Capital.ba.
Најмногу, Програмата за забрзано добивање азил на Германија ја искористиле луѓе од Косово, па за 11 месеци во минатата година нивниот број пораснал за 263%, односно 16.400 луѓе.