16 Април, 2024
0.1330

РАБОТНИЦИ ВНИМАВАЈТЕ: Не секоја понуда за работа во странство е сериозна

Објавено во: Економија 31 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Македонските работници во потрага по подобар живот многу често се случува да бидат измамени од посредниците кои им ветуваат дека ќе ги однесат во странство.

Не се поштедени ниту студентите, ниту постарите работници.

„Пред неколку години сопругот размислуваше да замине во Кувајт, и требаше да плати одредена сума на посредниците од Македонија, но од безбедносни причини се премисли и се откажа. Неодамна размислуваше да замине на работа во Германија, но откако дозна дека тоа ќе биде работа на „црно“, не прифати“ – вели Маја Анчевска, од Куманово.

Друга девојка од внатрешноста на Македонија која сега престојува и работи во Германија вели дека познава двајца луѓе кои лани биле, но оваа година се измамени и не отишле на работа во Германија.

„И јас искрено се плашев, но секоја година документите доцнат од ЗАФ. Според мене причина е што документите не ги испраќаат навреме и процесот се одолжува. Mислам дека пропустот е во тоа што некои агенции се алчни и земаат повеќе апликанти на грб. Инаку има многу лажни пријави што се шират на интернет за апликација во Германија. Треба да се внимава, да се има покрив над главата, да се има работни часови за да биде исплатливо оти има трошоци околу 1000 евра“ – вели девојката.

Норик Селими од Националната федерација на агенции за вработување им советува на граѓаните да бидат внимателни.

„При одлука за работа во странство, секој кандидат треба да обрне внимание
на суштинските детали за ангажирање. Пред заминување во странство, според
Закон кандидатите треба да потпишат соодветен договор, каде ќе бидат
наведени сите детали, од начин на плаќање, висина на плата, сместување,
трошоци за престој, каде ќе бидат сместени, сместувањето 
како е организирано. Притоа, ние советуваме овие работи да бидат наведени во договорот, потпишан со лиценцирана агенција во Македонија, која одговара пред домашното законодавство. Исто така, потенцирам дека според домашното законодавство и според меѓународните конвенции, агенциите кои вршат вакво посредување, не смеат да наплаќаат провизии и трошоци од работниците. Според истите закони, тие трошоци паѓаат на товар на компаниите кои ги ангажираат тие лица. При секој обид за незаконска наплата на пари од кандидатите за вработување, истото треба да се пријави кај надлежните институции“ – вели тој.

Се случува луѓето да платат за посредувањето, но воопшто да не заминат во ветената земја, или да бидат изманипулирани за висината на платата и работните часови. Последен таков случај беше со измамените студенти на кои битолска агенција им ветила работа во Германија, но откако ветеното не се оствари, тие јавно го изнесоа проблемот, по што агенцијата доби забрана за работа во рок од еден месец.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

ИЛОН МАСК СО РАДИКАЛНА МЕРКА: Тесла ќе отпушти над 10 отсто од својата работна сила

ИЛОН МАСК СО РАДИКАЛНА МЕРКА: Тесла ќе отпушти над 10 отсто од својата работна сила