Работниците очекуваат К-15: Колку треба да добијат на сметка?
Објавено во: Економија 07 Декември, 2017
До крајoт на годината работниците во приватниот сектор очекуваат К-15.
Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.
Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.
Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината што значи до крајот на годината сите работници кои го исполнуваат условот за регрес на годишен одмор треба да им биде исплатен од страна на работодавачот, во спротивно се пропишани високи казни.
Краен рок за исплата е 31.12.2017. Според статистиката просечната нето и бруто плата по вработен за месеците јули, август и септември изнесуваше 22.671 (33.328), 22.912 (33.675) и 23.229 (34.127), респективно.
Врз основа на овие податоци, висината на регресот за годишен одмор (К-15) ќе се движи од 9.174 денари (40 отсто од просечна нето плата во последните 3 месеци) до 13.484 денари (40 отсто од просечна бруто плата во последните 3 месеци).
Исплатата зависи и од успешноста на фирмата!
Сопствениците на фирми согласно важечките правила во однос на исплата на К-15 , може да исплатат и 1 денар, но коже да исплатат и повеќе од 40 % од просечната плата во земјава. Исплатата на К-15 ќе зависи од добивката на компанијата и планираните инвестиции.