Работниците од „ Веибо“ продолжуваат со протести и блокирање на улиците
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2018
Продожуваат протестите од страна на работниците во текстилната фабрика „Веибо“. Својот револт го искажуваат со излегување и блокирање на патот Крива Паланка-Куманово веќе две недели. За голготата низ која минуваат, велат ова е единствениот спас.
Дали нивниот глас ќе биде чуен, кој ќе им ги исплати трите заостанати плати, придонеси и прекувремените часови на работи дали некој се грижи за семејствата на работниците кои останаа на улица?
210 вработени, на почетокот на овој месец останаа без работа, со едниствено образложение
дека фабриката се затвора поради тоа што немало доволно нарачки и не одело добро, велат турските газди.
Менаџментот молчи, но затоа вработените истрајни во своите барања велат дека ќе го блокираат патот секој ден додека нивниот глас не биде чуен.