28 Март, 2024
0.0236

РАБОТНО ВРЕМЕ ОД ШЕСТ ЧАСА ЌЕ ОСТАНЕ САМО СОН: Чини многу, ама е и продуктивно!

Објавено во: Стил 05 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Сите кои мечтаеја дека би можело практично да биде докажано дека работното време од шест часа е ефикасно и исплатливо за бизнисот ќе бидат разочарани.

Резултатите на двегодишниот експеримент покажаа дека сепак тоа работно време не е е исплатливо, туку е премногу скапо и не ја оправдува добрата страна на ваквиот начин на работа.

Како што пишувавме конкретна студија е правена на примена во старечки дом Свартедален во шведскиот град Гетеборг, дом на големите индустрии како Волво. Го намалиле работното време од осум часа на шест за 68 медицински сестри кои работеле таму, а резултатот бил дека морале да вработат уште 17 работници.

Ова се првични резултати од експериментот а официјалниот извештај се чека. Надлежните велат дека ќе продолжат да прават експерименти кои би можеле да ја подобрат положбата на работниците.

Цената на овој експеримент била близу 2,2 милиони долари за време на тие две години додека се спроведувал.

Добрата страна е сепак дека работниците се чуствувале поздрави, имало помалку одења на боледување, а пациентите оцениле дека негата драстично се поправила. Сепак цената на овие подобрувања е прескапа.

„Трошоците се поголеми, апсолутно. Би било многу скапо да се спроведе општо намалување на работното време во разбирливи временски рамки“, вели Даниел Бернмар“, локален политичар.

„Експериментот на Гетеборг“ е само еден во низата обиди да се оправда краткото работно време во Шведска, држава која се гордее со силната социјална политика. Светската јавност со големо внимание ги гледаше резултатите на овој обид.

Иако работното време генерално се намалило во Шведска во изминатиот век, резултатите на овој пробен период ги обесхрабриле законодавците работното време од шест часа да биде обврска.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи