Работодавец привлекува работници од целиот свет, што им нуди?
Објавено во: Економија 21 Февруари, 2017
Компанија за видео игри од Нов Зеланд мами работници од цел свет со флексибилно работно време и дел од профитот на компанијата.
Сопственикот, Дин Хал секој ден добива по 300 молби од луѓе кои сакаат да работат кај него.
Во оваа компанија уште лани почнале да се борат со стресот. Во петок по завршување на работата, вработените можат заедно да спортуваат или да се занимаваат со други игри.
„Нашите вработени во Нов Зеланд имаат право на 4 недели одмор, но дополнително по потреба можат да земат и неограничен одмор. Во војска научив дека работниците се највредни во една фирма“ - вели Хал.
На ваков чекор се одлучил Хал затоа што смета дека ако во приватниот живот работниците немаат проблеми ќе бидат попродуктивни.
Хал вели дека кога им дава време на вработените да си ги решат приватните проблеми, на работа ќе се вратат со позитивни емоции.