Радев: Пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ ќе ја засили регионалната безбедност
Објавено во: Балкан 26 Јуни, 2017
Бугарскиот претседател, Румен Радев дава поддршка за пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ доколку ги исполнуваат условите за членство.
Радев смета дека тоа ќе ја засили регионалната безбедност, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.
За време на првата посета на земја од регионот, Радев изјави во интервју за „Катимерини“ дека посетата е „важна политичка порака, која изразува желба односите меѓу двете земји да продолжат да се развиваат и продлабочуваат во сите сфери од взаемен интерес врз основа на споделените вредности“.
Радев, кој стапи на должност како претседател во јануари, изјави дека неговата посета на Грција има симболично значење.
„Минатото е ценет учител, но кој гледа назад премногу често, се изложува на ризик да се препнува и паѓа“- рече Радев.
За несогласувањата од претходно меѓу двете земји, Радев е категоричен дека е важно да се гледа напред.