Радев смета дека во Македонија е алармантно и бара ангажман од ЕУ
Објавено во: Балкан 29 Април, 2017
Бугарскиот претседател, Румен Радев денеска разговарал со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини за ситуацијата во Македонија.
Тој ги опиша разговорите како детални, јави БТА.
„Разговаравме многу подробно за ситуацијата во Македонија. Таа е алармантна. Имам гаранции дека прашањето за Македонија ќе биде поставено многу сериозно и очекувам да биде поддржана нашата визија дека ЕУ треба да помогне во обновата на дијалогот меѓу партиите и меѓу институциите. Ова е најважно за зачувување на безбедноста во регионот“- изјави Радев.
Лидерот на ГЕРБ и иден премиер на Бугарија, Бојко Борисов вчера изјави дека е загрижен за Македонија и дека е важно земјата да остане цела и да продолжи кон ЕУ.