29 Март, 2024
0.0277

Радев во Бигорски манастир пречекан со највиски државни почести

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Вчера, во навечерието на Неделата на простувањето, по Божја промисла, Свештената Бигорска Обител беше удостоена со посетата на мошне високи и значајни претставници на бугарската држава и Црква. 

Имено, за прв пат во долгата историја на тој Манастир, во посета дојде првиот човек на друга држава – Претседателот на Република Бугарија, г-н Румен Радев. 


Негови сопатници и придружници до древното Бигорско Светилиште беа почитуваните архиереи на Бугарската православна црква, Н. В. Митрополит Пловдивски г-н Николај и Н. В. Митрополит Старозагорски г-н Кипријан. Високата делегација беше придружувана и од амбасадорот на Р. Бугарија во Р. Македонија, г-н Иван Петков, како и други државни и црковни службеници, клирици на Бугарската црква, новинари… 


„Ценетите гости беа пречекани со најтопло гостољубие и торжественост, најнапред од нашиот почитуван епархиски архиереј, Н. В. Митрополитот Дебарско-кичевски г-н Тимотеј, старецот и игуменот на Обителта, Архимандрит г-н Партениј со своето монашко братство и сестринствата од манастирите во Рајчица, Пречиста и Кнежино, и многубројниот народ. По повод исклучителната посета, за високите државни и црковни достоинственици, согласно предвидениот манастирски и црковен ред, беше приредено свечено иподохи. Гостите беа пречекани и спроведени до храмот од манастирските сејмени и мијачката гарда, со препознатливите благороднички носии. Посебен украс на целокупното торжество му даде и ансамблот „Македонија“, кој на традиционален македонски начин го пречека Претседателот со погача и со песната: „Добре ни дојдовте, мили гости“.“-соопштуваат од Манастирот.


Во храмот, пак, после тропарите и молититвословието, со поздравно слово на гостите им се обрати старецот, Архимандрит Партениј:

Длабокоуважен Претседател на Република Бугарија, г-н Румен Радев,

Достојнопочитуван архипастиру на оваа богочувана епархија, митрополите г. Тимотеј,

Ваши Високопреосвештенства, Митрополите Пловдивски г. Николај и Митрополите Старозагорски г. Кипријан,

Преподобни отци, монаси и монахињи, возљубени верници, духовни чеда и посетители,

Ќе го започнам своето обраќање со една огромна, би рекол свештена благодарност кон предобриот наш Христос Бог, што ме удостои мене, најнедостојниот од сите, во овој историски миг да возвестам за величието и радоста на денешново собитие. И навистина, оваа исклучителна средба, овој несекојдневен, сечесен, торжествен собир, токму спроти Неделата на простувањето и почетокот на Чесниот Пост, е повеќе од очигледно дар од семудриот Бог Промислител, Кој го благословува и дарува заедништвото во името на љубовта Негова.


Особено сме почестени, а истовремено и благодарни кон Вас, благоверен Претседателе Радев, што токму Вие сте првиот Претседател на друга држава, којшто ја посетува илјадалетната Бигорска Обител. Ние веруваме дека оваа посета воопшто не е случајна. Едноставно, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Јован, кој на своја служба нè повикал и нас последните и недостојните, измолил од Бога така – првиот човек на некоја држава, што ќе го посети неговиот древен Манастир, да биде токму од братска Бугарија. И ако добро расудиме, тоа едноставно не е случајност, туку се случува токму во годината кога Охридската архиепископија, чијшто прв Архиепископ беше ктиторот на нашата Обител, секогаш спомнуваниот отец наш меѓу Светиите, Јован Дебранин, ја слави својата илјадагодишнина. Ние цврсто веруваме дека оваа посета на Вашето Превосходство е јасно показателство дека најблискиот ни бугарски народ и неговото правителство ќе продолжат братољубиво да ги поддржуваат, како и досега, целовитоста, напредокот и благоуспевањето на Република Македонија и нејзините жители, не само на внатрешно, туку и на надворешно поле. Таквата несебична поддршка, во иднина ќе покаже уште појасно кои се вистинските пријатели и браќа на македонскиот народ и неговата држава. Всушност, во Вашето присуство овде, ние го гледаме братољубието на целиот бугарски народ.

Би сакал да ја искажам и нашата преголема благодарност кон Неговото Светејшество, Патријархот Неофит, и кон Светиот Синод на Бугарската православна црква, што благослови да ве испрати денес вас, Високопреосвештени отци, на наша сеопшта радост. А заедно се радува поради вас не само нашата Охридска архиепископија и нејзината паства, туку и душите на богомудрите ни предци, кои живееја и заминаа од овој свет со нескршлива вера дека духовното сродство меѓу македонскиот и бугарскиот народ ќе остане вечно. Токму затоа, богољубиви архиереи, наш заеднички свештен долг е да го продолжиме нивното вдахновувачко дело на љубов и единство. А најсовршен израз на тоа братољубие е, секако, единството во Божествената Евхаристија, во сослужението на Светите и страшни Христови Тајни, кои се оска и цел на нашето суштествување. Таквото заедништво бива благословено од Бога, така што нема никаква причина да се притеснуваме и да стравуваме, туку едноставно, треба само евангелско дело да извршиме, дејатели на Божјата љубов да се покажеме.

И најпосле, бидејќи за кратко започнуваат светите денови на Великата Четириесетница, во навечерието на Неделата на простувањето, јас, најмалиот и грешниот, би сакал од најскриеното место на моето срце да побарам од сите вас прошка за моите прегрешенија, а и удвоени молитви за моето смирено монашко братство. Но најмногу од сè, молитви и труд за она за коешто копнее секое православно срце во Македонија, верувам и во православниот свет – да се исцели големата рана на Православието и Охридската архиепископија, во годината кога го празнува своето илјадалетие, да го доживее своето признавање и да го добие местото во семејството на помесните Православни Цркви, со посебен Томос од „Мајката на сите Цркви“, светата Вселенска патријаршија, како што впрочем налага божествениот црковен ред.“

Уште еднаш изразувајќи ја целодушната благодарност кон многуценетите гости од братска Бугарија, просам од Бога за сите добра и богоугодна Четириесетница.

Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“