19 Април, 2024
0.0312

Радишанец приведен за нелегално производство на масло од канабис

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Полицијата приведе 35 годишен Радишанец за нелегално произведување на масло од канабис, на кој му е одредена мерка притвор.

Осочничениот М.К. во текот на овој месец од засега непознати лица, набавил поголема количина марихуана од која дел ја препакувал во помали пакувања со намера улично да ја продава на уживатели од Скопје, а дел во својот дом во населбата Радишани, во импровизирана лабораторија ја преработувал во масло. По добиени оперативни сознанија дека М.К. препакуваната дрога и маслото почнал да ги продава на уживатели од Скопје, припадници на Единица за недозволена трговија со дрога презеле мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување материјални докази.

На 13 месецов полициски службеници на Единицата  го забележале како се движи со возило во централното градско подрачје. Кога се паркирал  го легитимирале и извршиле личен преглед и преглед на возилото кое го управувал, а во кое биле неговата сопруга и нејзината сестра. Од извршениот личен преглед, кај пријавениот биле пронајдени еден џоинт, кој во моментот го користел, а во фиоката кај совозачкото седиште  седум полиетиленски пакувања марихуана со вкупна нето маса од 16,39 грама, еден шприц  со масло од хашиш, како и две метални дробилки со остатоци од марихуана.

Пријавениот и неговите сопатници биле приведени во службените простории на Единицата за недозволена трговија со дрога, а со наредба од судија на претходна постапка истиот ден бил извршен претрес во домот и другите простории каде престојувал во населбата Радишани. Пронајдени и одземени се 3,5 килограми марихуана спакувана во шест најлонски кеси, 28,30 грама мешавина од марихуана и тутун,  9,8 милилитри масло од хашиш, 170,66 грама семки од марихуана, како и остатоци од масло од хашиш во предметите кои ги користел за произведување на маслото во импровизираната лабораторија.

М.К. негирал дека пронајдената марихуана и масло од хашиш ги продавал и рекол дека ги користел за лекување на неговата мајка.

Наредниот ден, на 14-ти месецов,  по усна наредба од судија на претходна постапка од Основниот суд Струга, е изврен претрес во дом и други простории во Струга, каде живее семејството на пријавениот, при што во поткровјето од куќата биле пронајдени и одземени поголема количина на исушена марихуана и семки од марихуана, спакувани во тегли, пластични кутии и најлонски кеси, како и 47.000 денари во апоени од 500 и 1.000 денари, 580 евра, 150 американски долари и 70 британски фунти, соопшти МВР.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите