29 Март, 2024
0.0355

РАХОЈ ЈА РАСПУШТИ КАТАЛОНСКАТА ВЛАДА: Eдна земја на страната на Каталонија

Објавено во: Свет 27 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Шпанскиот премиер, Маријано Рахој изјави дека Владата во Мадрид започна со процесот на преземање директна контрола врз бунтовничкиот регион Каталонија. 

Тој го нарече гласањето за независност „неважечко", и најави формално распуштање на каталонскиот парламент.

Рахој, кој зборуваше на телевизија во живо по итниот состанок на Советот на министри, рече дека на 21 декември ќе се одржат нови избори во Каталонија, додавајќи дека тоа е потег за „враќање на легитимноста" на каталонската регионална Влада.

Рахој рече дека декларацијата за независност на Каталонија претставува „киднапирање" и обид да се „украде" дел од територијата што припаѓа на „остатокот од Шпанија", нарекувајќи го „тажен ден" означен со „недостаток на разумот".

Шкотската влада соопшти дека „го почитува и разбира” ставот на Владата на Каталонија.

Владата, предводена од Шкотската национална партија, која се залага за независност на Шкотска, изјави дека „наметнувањето на директна контрола на Мадрид не може да биде решение”

Шкотската министерка за надворешни работи, Фиона Хислоп наведе дека народот на Каталонија „мора да има можност да одлучува за својата иднина”.

„Европската унија има политичка и морална одговорност да го поддржи дијалогот за да се утврди дека ситуацијата може да се реши мирно и демократски“ - рече Хислоп.

Во Шкотска постојат тенденции за независност од Велика Британија. Но, на референдум во 2014 година 55% гласаа против, додека 44% беа за независност.

Каталонскиот лидер, Карлес Пуџдемон ги повика Каталонците да останат смирени во пресрет на очекуваните мерки на шпанските централни власти по прогласувањето на независност. 

„Во деновите кои следат треба да ги задржиме нашите пацифистички вредности и нашето достоинство. Во нашите и вашите раце е изградбата на републиката“- рече Пуџдемон.

Тој додаде дека парламентот денеска го исполнил одамна посакуваниот чекор.

САД и Германија веќе го кажаа својот став, дека за нив Каталонија е дел од Шпанија. 

Можеби ќе ве интересира

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО