Рајанер се вмешува во трката за преземање на Алиталија
Објавено во: Економија 25 Јули, 2017
Рајанер е новото име од авионската индустрија која достави необрзувачка понуда за преземање на најголемиот италијански авио превозник Алиталија кој е во тешка финансиска состојба и има многу долгови.
Според раководството на Рајанер ваквиот потег е за очекување бидејќи досега веќе десетина компании пројавиле интерес за купување на Алиталија која е значаен бренд во Европа, па без оглед каков ќе биде исходот конечно и квалитетно решение мора да биде пронајдено, особено што „европското“ небо по Брегзит нема да биде исто.
Исто така од Рајанер најавија дека ќе продолжат со симнување на тарифите за 9% што би довело до пониски авио билети бидејќи конкуренцијата се повеќе се заострува иако профитните маржи се намалени.