19 Април, 2024
0.0248

„Рајски документи“: Луис Хамилтон избегнал да плати 17 милиони фунти за данок

Објавено во: Свет 07 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Името на Луис Хамилтон се појави меѓу финансиските документи објавени од страна на Интернационалниот конзорциум за новинарски истраги (ICIJ) „Рајски документи“.

Светскиот шампион во Формула 1 избегнал да плати милиони за неговиот приватен авион. Истрагата беше емитувана на БиБиСи .

Точната сума не е пријавена бидејќи истрагата е во тек. Според документите, 32-годишниот Хамилтон успеал да поврати 3,3 милиони фунти по купувањето. Авионот на Challenger 605 на канадската компанија Bombardier чини 16,5 милиони фунти.

Авионот е доведен на островот Ман во 2013 година. Според законите секое летало купено надвор од Европската унија, подлежи на оданочување со 20% ДДВ, за да може да се движи слободно низ континентот. Хамилтон ќе има право на даночна концесија ако авионот се користи само за деловни цели. Документацијата, сепак, покажува дека една третина од патувањата се од приватна природа.

Адвокатите на Мерцедес им објаснија на истражувачите дека не постои ништо нелегално. 

„Како глобален спортист кој плаќа данок во голем број земји, Луис се потпира на тим од професионални советници кои ги движат неговите дела. Овие советници го уверија Луис дека сè е во ред и прашањето е во рацете на неговите адвокати“, соопшти портпаролот на Хамилтон.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените