„Рајските документи" открија афера со рускиот гас
Објавено во: Свет 08 Ноември, 2017
„Рајските документи" откриваат дека САД сакаат да ја истуркаат Русија од енергетскиот пазар.
Откриено е дека американските бродови во Европа праќаат руски гас.
Цистерните кои се во сопственост на американските енергетски корпорации, се полнат со течен природен гас од Русија, и одат до терминалот Антверп во Белгија, oбјави белгискиот весник „Le Soar".
Ова било откриено во рамките на истрагата за „Рајските документи".
Документите покажуваат дека 4 бродови во сопственост на „Navigator Holding", купиле гас од руската компанија „Sibur".
На почетокот на 2017 година, рускиот претставник во ЕУ, Владимир Чизов, рекол дека САД нема да може да го замени рускиот гас во ЕУ, па дури и ако се обидат на сите начини.
Инаку, ЕУ активно гради нови терминали за да ја намали зависноста од рускиот природен гас, моментално купува руски гас, но по повисока цена, и не од Русија.