29 Март, 2024
0.0273

„РАЈСКИТЕ ДОКУМЕНТИ“ го осветлија скриеното богатство на светската елита

Објавено во: Свет 06 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Ново големо откритие на конзорциум од новинари го покренува прашањето за "даночните засолништа", кои, најверојатно, се користат масовно од спортисти, уметници, мултинационални компании, политичари и дури од британската кралица. Детали околу "британската офшор империја" беа објавени во 13.4 милиони документи, а тие ја откриваат глобална средина која овозможува да се крие богатство, а од таму и даноци, пишува The Guardian.

Документите се добиени од две агенции на даночни услуги, регистрирани во 19 "даночни засолништа". Врз истрагата работеле 380 новинари од 67 земји учествуваат 95 медиумски партнери. Главното место го зазема германскиот „Süddeutsche Zeitung“, а меѓу партнерите се големи медиуми како Guardian, BBC и New York Times.

Проектот наречен „Paradise Papers“, осветлува барем 120 политичари и нивни соработници од различни држави, меѓу кои се вмешани имињата на британската кралица Елизабета II, американскиот претседател Доналд Трамп, неговиот руски колега Владимир Путин и канадскиот премиер Џастин Трюдо.

Накратко, истрагата открива:

-Милиони фунти добиени од приватни имоти, сопственост на кралицата, кои се инвестирани во фонд на Кајманските острови. Дел од парите се однесуваат на инвестициите поврзани со експлоатацијата на ранливите луѓе и сиромашните семејства;

-Големи офшор зделки со членовите на кабинетот на Доналд Трамп - советници и спонзори, вклучувајќи значителни исплати од фирма, заедничка сопственост на зетот на Владимир Путин и бродската група на американскиот трговски секретар Вилбур Рос;

-Како Твитер и Фејсбук добија стотици милиони долари од инвестиции кои можат да се проследат назад кон руските државни институции;

-Податоци за фонд на Кајмански Остров, управуван од главниот финансиер на канадскиот премиер Џастин Трудо;

-До неодамна непознат фонд во вредност 450 милиони долари, кој го управувал богатството на милијардерот лорд Мајкл Ешкрофт, кој во 2015 година извади компромати за приватноста на поранешниот британски премиер Дејвид Камерон;

-Агресивно затајување на даноци од страна на мултинационалните корпорации, вклучувајќи ги и "Најк" и "Епл";

-Како некои од најголемите имиња во филмската и телевизиската индустрија го заштитуваат своето богатство со многу оф-шор шеми;

-Милијарди неплатени даноци за купени приватни авиони и луксузни јахти;

-Таен заем, обезбеден од тргуваната во Лондон мултинационална компанија Glencore, даден за добивање на рударски права во Демократска Република Конго;

-Сложените офшор мрежи кои се користат од страна на двајца руски милијардери, за да купуваат удели во фудбалските клубови на Арсенал и Евертон;

Според "Гардијан", документите ќе извршат притисок врз светските лидери, меѓу кои и Трамп и британскиот премиер Тереза ​​Мај, кои ветија дека ќе ги спречат агресивните шеми за избегнување на даноците.

Објавувањето на оваа истрага, која повеќе од 380 новинари ја направија за една година во обработката на податоците што се протегаат 70 години, доаѓа во време на зголемување на нееднаквоста на доходот во светот.

Во меѓувреме, мултинационалните компании пренесуваат зголемен дел од нивниот профит во оф-шор зони - 600 милијарди евра во минатата година, според студијата на водечкиот економист Габриел Закман, која ќе биде објавена подоцна оваа недела.

„Даночните раеви се еден од клучните двигатели на порастот на глобалната нееднаквост“, рече тој. „Со зголемувањето на нееднаквоста, офшорното избегнување на даноците станува елитен спорт“, додаде економистот.

Во срцето на ова испливување е Appleby - адвокатска фирма со канцеларии во Бермуди, Кајмански Острови, Британски Девствени Острови, Остров на Човекот, Џерси и Гернзи. За разлика од Мосак Фонсека, дискредитирана компанија во центарот на претходната голема објава наречена Panama Papers, Appleby е горда што е водечка членка на "магичниот круг" на офшор услугата.

Appleby тврди дека ги испитал сите обвиненија и утврдил дека "нема докази за каква било незаконска акција од нивна страна или од нивните клиенти", додавајќи: „Ние сме адвокатска фирма која ги советува нашите клиенти како законски да управуваат со својот бизнис, и не го толерираме нелегалното однесување“.

Можеби ќе ве интересира

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест