19 Април, 2024
0.0349

РАМА БАРА КОСОВО И АЛБАНИЈА ДА ИМААТ ЕДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ: Што вели Брисел на ова?

Објавено во: Балкан 19 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Премиерот на Албанија, Еди Рама предложи неговата земја и Косово да имаат заеднички претседател. Тој ова го изјави во парламентот на Косово на свечената седница по повод десеттата годишнина од независноста на Косово.

Приштинските медиуми наведуваат дека Рама беше внимателен потсетувајќи дека е малку веројатно оваа идеја да се реализира во скоро време.

„Косово и Албанија треба да имаат заедничка надворешна политика, а не само заеднички амбасади и дипломатски мисии, зошто не и еден претседател како симбол на националното единство и националната безбедносна политика“- кажа Рама. 

Но, и самиот вели дека ова е малку веројатно дека ќе се случи за брзо време. 

Рама рече дека пред една деценија Косово го оствари големото тежнеење со тоа што стана „најновата држава на картата на светот“ и дека денес има „повеќе од 115 признавања“, како и дека постигнало значителен успех во јакнењето на институциите и демократската држава.

„Мислам дека сите го имавте истото мислење дека прославата на независноста на Косово беше повеќе утопија отколку можен проект. Да го ставиме на страна тоа дека премиерот на Албанија се обраќа во собранието на Косово за десеттата годишнина од независноста, што не беше можно да се замисли ни како фантазија, но сето тоа се случи“- изјави Рама.

Тој истакна дека Косово и Албанија се „две реалности кои се административно одвоени, но кои живеат во меѓусебна природна, економска, политичка и институционална интеракција во функција на несопирливото приближување со идна национална програма“.

Неговата изјава за заеднички претседател  предизвика реакции од политичките партии на Косово. Најголемата косовска партија – Демократската лига на Косово, е против таа идеја.

Брисел реагира на ставовите на Рама. 

Косовскиот весник „Експрес“ ги пренесе зборовите на потрпаролот на Европската комисија, Катерине Реј, која вели дека ваквите изјави се несоодветни.

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот