Рама под страв дека му се подготвува силно сценарио за дестабилизација
Објавено во: Балкан 06 Мај, 2017
Албанскиот премиер Еди Рама се погласно говори дека се подготвува силно сценарио за дестабилизација на Албанија. Затоа побарал од кандидатот на неговата партија да се повлече од делумните избори во Каваја. Утре во овој град граѓаните требаше да избираат градоначалник, откако претходниот беше разрешен поради криминал.
- Некои луѓе 7 мај го гледаат како ден кога државата треба да покаже како се спроведува законот. Други, пак, се плашат од последиците од конфликт со кој се посакува да се предизвика дестаблизација на Албанија. Постои план за дестабилизација на земјава. И шаторот е поставен токму од тие причини, изјави Рама, директно обвинувјќи ја опозицијата за тоа.
Тој уште еднаш му „даде до знаење“ на лидерот на опозицијата Љуљзим Баша дека, како што рече, му е на располагање за договор околу изборите до 8 мај, затоа што „ и без опозицијата избори ќе има на 18 јуни“.
Рама го повика и независниот кандидат, Астрит Хака, да се повлече од изборите, а овој доцна синоќа тоа и го направи. Ова најверојатно ќе значи и одложување на гласањето за градоначалнк на Каваја.
Инаку, опозицијата уште од поодамна за утре во Каваја најави масовен протест за блокирање на изборите, кои сега, по овие случувања, повеќе од сигурно е дека нема да се одржат.