Рама вели дека решавањето на спорот меѓу Македонија и Грција е во интерес на сите
Објавено во: Балкан 06 Февруари, 2018
Албанскиот премиер, Еди Рама во интервју за грчкиот весник „Ta Nea“ зборувајќи за преговорите за името помеѓу Македонија и Грција вели дека „Во преговорите треба да дојде до израз одлучноста за решение за прашањето како и стратешка визија“.
„Краткорочните политички тактики нема да не носат напред кон иднината, каде што сите страни би требало да го имаат своето право“ - вели Рама.
Рама потенцира дека решавањето на спорот е во интерес на сите.
„Една Македонија без разлика како ќе се вика во согласност со Спогодбата, која ќе биде стабилна, демократска и богата е значајна за нејзиниот народ, за регионот, како и за самата Грција“- нагласи Рама.
Време е да се реши ова прашање помеѓу двата соседи, додава во интервјуто за грчкиот весник албанскиот премиер Рама.