28 Март, 2024
0.0313

Рамадани за Албанската декларација - Недостасува попис, некои работи се одлични, дел се промашени

Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Активистот и аналитичар Рамадан Рамадани даде своја лична оценка за Албанската декларација донесена од ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците која ќе биде исправена пред македонските партии во водењето на преговори за формирање на новата влада со сите можни барања кои ги засегаат Албанците во Македонија. Според Рамадани дел од барањата се одлични и треба да допринесат за поголема дебата во македонското општество, други пак се промашени или лошо формулирани.

Ја подржувам заедничката декларација на ДУИ и двете коалиции на партии. Подолу ќе наведам неколку нешта во неа кои никако не ги подржувам, делови кои посебно ми се допаѓаат и нешта што фалат и кои се надевам дека ќе ги има во посебните преговори за влада кои сепак, секоја партија и коалиција ќе ги води засебно со мандатарот или мандатарите.

Прво една назнака дека секој кој во ова гледа само етничка хегемонизација нека ја прочита убаво со сите општи работи како владеење на право, евроинтеграции, редецентрализација и посебно двете разграничувања на оваа декларација со тоа дека е за неколку мандата и во согласност со закони и устав на РМ.

Дислајк: Моментот е ужасно промашен на празничен ден за сограѓани кон кои требало со посебна грижа да се обзнани ова декларација.

Владеењето на право со се Прибе, СЈО требаше да биде погоре. Не може да исправиш држава која ја нема, вака изгледа како расправа за купеа и седишта во воз кој излетал од шини.

Неспомнувањето на претежно македонските политички коалиции со кои сепак ќе треба сето ова да се направи.

Непостоењето на барање за специјално суд или судско оделение со кое барем малку ќе се оправдаше тотално непотребната посета во Косово. Вака барем ќе можеше да се каже па ете таму ќе има СС и добро е за државата.

Лајк за активно учество во добрососедски односи името и симболите на државата. Химната и грбот останале уште од ОРД иако досега неспомнати се заборавија како тема. Упорното наметнување на прашањето за името и како прашање на идентитетот на државата донесе до ова да за идентитетот на државата треба сите да се прашат.

Лајк и за културните установи на централно и локално ниво, посебно зошто децентрализацијата во културата никако не се направи.

Лајк и за контрола на распределба за општини и региони што е нешто што сите треба да го подржат оти да не заборавиме дека непропорционални милиони на два мандата отидоа само во една општина без никаков критериум.

Резолуцијата треба но временската рамка е тотален промашај, политички немаше Македонија пред 1944.

Исто и опфатот треба да се преиначи и да бидат опфатени и македонци и турци од првите години на воспоставување на комунистичката власт во Македонија зошто и тие доживеале налик геноцидни дејанија како и албанците.

Ужасно недостигаат Пописот и преиспитувањето на трите претежно криминално водени процеси во МК од кои им беше нанесена неправда на албанците и на другите: денационализација, приватизација и лустрација, напиша Рамадани на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра