19 Април, 2024
0.0294

Раперот 50 Cent откри дека е биткоин милионер

Објавено во: Стил 25 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Хип хоп артистот, актер и бизнисмен 50 Cent откри дека станал преку ноќ биткоин милионер. Овој скок на вредноста на неговото богаство се должи на тоа што во 2014 кога го лансирал неговиот нов албум Animal Ambition, фанови плаќале со биткоини кога криптовалутата имаше доста ниска вредност и чинеше околу 647 долари. 

50 Cent беше еден од првите музичари кој на фановите им дозволи да ја купуваат неговата музика со биткоини. Тој не ја проверил сметката со години, па дури сега увидел дека има собрано стотици биткоини на своето конто кое според актуелната вредност на биткоинот од околу 10.000 долари има вкупна вредност од 7.5 милиони американски долари. 

Раперот изјави дека е горд на себе за постигнатиот успех и дека не очекувал ваков пресврт со вредноста на биткоинот. 

50 Cent е еден од најбогатите американски рапери со продадени стотина милиони примероци на неговите студиски албуми кои надминаа платинести тиражи. Тој основаше своја компанија за аудио опрема, има повеќе модни брендови, а е доста успешен и како ТВ и филмски продуцент со неколку хитови кај публиката.


Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре