26 Април, 2024
0.0273

Расипана риба и лешници, новогодишно мени на група Романци

Објавено во: Свет 02 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Расипана риба и лешници со црви им биле сервирани на приближно 600 лица во Романија, кои одлучиле Нова година да ја пречекаат во некогашната Палата на социјалистичката република во селото Подари, на брегот на реката Жиу, соопштија романските весници.

Во менито, што имало вредност од 150 леи (околу 35 евра), требало да бидат понудени риба, пилешка шницла, свинска кременадла и десерт. Место тоа, меѓутоа, на славениците им биле сервирани расипана риба и лешници со црви. Разгневените гостите предизвикале скандал, откако некои од нив ги искршиле чашите и чиниите, додека персоналот, уплашен од реакцијата на луѓето, избегал.

На телефонскиот број 112 биле добиени серија поплаки.

Некои од гостите не сакајќи да си го расипат празникот влегле во кујнята на ресторанот, каде самите си приготвиле храна со продуктите кои ги нашле во ладилниците. Други, пак, били премногу гневни и си заминале со ветување дека ќе се пожалат до Комисијата за заштита на потрошувачите.

Палатата на социјалистичката република се простира на терен од 200 хектари, на самиот брег на река Жиу. До пред извесно време Палатата била сопственост на бизнисменот Динел Нуцу - поранешен сопственик на фудбалскиот клуб „Университатеја Крајова“, и актуелен сопственик на протоколната куќа на семејство Чаушеску во Крајова. Во моментов Палатата на социјалистичката република во Подари е сопственост на друг бизнисмен од Крајова, пишува весникот „Романија либера“, без да го прецизира неговото име.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек